Ќоселари
Ќоселари — село во Општина Лозово, неколку километри јужно од градот Свети Николе. Географија и местоположбаСелото Ќоселари се наоѓа во Овче Поле, во централниот дел на општина Лозово, на 12 километри јужно од градот Свети Николе. Се работи за рамничарско село кое се наоѓа на надморска височина од 250 метри. Селото има атар од 22,2 квадратни километри. Најголем дел од површината се пасишта. ИсторијаКако и поголемиот дел од селата во Република Македонија, селото во втората половина на XX век го зафатиле процесите на миграција од село во град, со што бројот на жители драстично се намалил. На крајот на XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 20 Македонци и 210 Турци.[2] Како турско село означено било и од страна на Леонард Шулце Јена. СтопанствоВо селото најзастапени се полјоделството и сточарството. Обработливото земјиште зафаќа 867 хектари, пасиштата зафаќаат 1.204 хектари, додека 120 хектари се шуми. ДемографијаСпоред германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци и 100 Власи.[3] Во 1961 години бројот на жители изнесувал 413 жители. Во 1994 година, бројот на жители се намалил на 95 - 62 Македонци и 33 Власи. На пописот од 2002 година, селото имало 88 жители. Следува табела на националната структура на населението[4]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Ќоселари има 28 жители. Следува табела на народносната структура на населението:
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]
РодовиСпоред истражувањата од 1958 година, родови во селото Влашки
Македонски
Култура и спортВо Ќоселари постои: основно училиште до IV одделение, фабрички погон и услужни дејности. Самоуправа и политикаИзбирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1707 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа. Во ова избирачко место е опфатено и селото Амзибегово.[7] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 31 гласач.[8] Културни и природни знаменитости
ИселеништвоДо 1958 година турско население се иселило во Турција (околу 50 семејства). Тие се населиле во местото Дургут во близина на Измир.[6] ПоврзаноЛитература
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia