Селото се наоѓа во југозападниот дел на областа Овче Поле, оддалечено 2,5 километри јужно одопштинскиот центар Лозово, 15,5 километри североисточно од Велес и 26 километри јужно од Свети Николе.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.050 Турци.[3]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 756 жители.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 631 жител, од кои 425 Македонци, 1 Албанец, 161 Турчин, 16 Власи, 9 Срби и 19 лица без податоци.[5]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[4]
Година
Македонци
Албанци
Турци
Роми
Власи
Срби
Бошњаци
Ост.
б.п.
Вкупно
1948
—
—
—
—
—
—
—
—
—
1.352
1953
3
—
1.481
—
—
—
—
—
—
1.484
1961
480
25
226
—
...
27
—
124
—
882
1971
636
6
61
—
...
27
—
134
—
834
1981
646
—
76
—
95
41
—
2
—
860
1991
584
—
106
—
54
23
—
5
—
772
1994
587
—
110
—
54
9
—
—
—
760
2002
569
—
118
—
49
18
—
2
—
756
2021
425
1
161
—
16
9
—
—
19
631
Родови
Според истражувањата од 1958 година, родови во селото се:
Турски
Доселеници:Мурат Мустафа (9 к.), Топчилар (5 к.), Чобанлар (3 к.), Коџа Кулар (3 к.), Шаќирлар (7 к.), Иполар (1 к.), Муто Метлар (1 к.), Шерифлер (7 к.), Усеинлар (8 к.), Џагулар (8 к.) и Емин Бајрактар (8 к.) тоа се стари доселеници; Аџи Аметовци (11 к.) потекнуваат од предок кој бил заптија во селото. Овде се оженил со девојка од родот Мурат Мустафа и го основал родот. Бил доселен од селото Сирково во Тиквеш. Го знаат следното родословие. Далиш (жив на 37 год. во 1958 година) Алил-Мустафа-Алил-Аџи-Авмет, кој се доселил во селото околу 1828 година. Кога дошол во селото имало 18 турски ќуки во селото; Љиманлар (6 к.) доселени се од Тиквеш.
Доселеници: доселени во периодот помеѓу 1956 и 1958 година, и тоа: Од околината на Урошевац (6 семејства). околината на Качаник (1 семејство). околината на Призрен (35 семејства). околината на Куманово (6 семејства).
Влашки
Доселеници: доселени помеѓу 1956 и 1957 година. Папанџија (1 к.) доселени се од Струмичко; Митанкови (1 к.), Попеви (3 к.) и Нако Замбови (1 к.) доселени се од селото Мородвис кај Кочани; Костови (3 к.), Зикови (2 к.) и Миајлови (2 к.) доселени се од селото Теранци кај Штип; Ташкови (2 к.) доселени се од селото Нивичани кај Кочани.[6]
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1708 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[7]
Во 1928 година 10 турски семејства од селото се иселиле во Турција. Наредното иселување на турското население било во периодот од 1954 до 1958 година, кога се иселиле околу 160 семејства. И тие заминале во Турција.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“