Шамли
ГеографијаШамли се наоѓало во Солунското Поле во областа Вардарија, северно од Текелиево, источно од Ингилизово и северозападно од Трите Ана. ИсторијаНа крајот од XIX век Шамли било мало македонско село во Солунската каза, едно од 47-те во состав на Камбаниската епископија.[2] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Шамли (Chamlié) имало 10 домаќинства сочинети од 48 Македонци.[3][4] Името веројатно му е поврзано со солунския субаша Шамли Али-бег. Истиот податок за бројот на куќите го дава и Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“). Според него, куќите биле растурени во 1888 г. поради поплавувањето на реката Галик.[5] Во 1905 г. е забележано дека Шамли има 4 куќи, но дека е речиси сосем напуштено. Топонимот останува до денес бидејќи се наоѓа на раскрсницата на патиштата Трите Ана - Ингилизово и Бугариево - Текелиево.[6] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia