Список на градови-домаќини на Олимписките игриОткако почнале да се организираат модерните Олимписки игри во 1986 година, биле одржани 27 Летни олимпијади во 22 различни градови и 22 Зимски олимпијади во 19 различни градови. Освен тоа, три летни и две зимски изданија на игрите биле закажани да се одржат но биле откажани поради војна: Берлин (летни) во 1916, Токио (летни) и Сапоро (зимски) во 1940, и Лондон (летни) и Кортина д'Ампецо (зимски) во 1944. Летните олимписки игри 1906, одржани во Атина, повеќе не се официјално признати од Меѓународниот олимписки комитет (МОК), кој ги именува како Олимписки меѓуигри 1906.[1] Четири градови биле избрани од МОК да ги организираат следните Олимписки игри: Рио де Жанеиро за Летните олимписки игри 2016, Пјонгчанг за Зимските олимписки игри 2018, Токио за Летните олимписки игри 2020, и Пекинг за Зимските олимписки игри 2022. Пекинг е единствениот град кој бил домаќин на Летни и Зимски олимписки игри. Седум градови биле домаќини повеќе од еднаш: Атина (Летни олимписки игри 1896 и 2004), Париз (Летни олимписки игри 1900 и 1924), Лондон (Летни олимписки игри 1908, 1948 и 2012), Сент Мориц (Зимски олимписки игри 1928 и 1948), Лејк Плесид (Зимски олимписки игри 1932 и 1980), Лос Анџелес (Летни олимписки игри 1932 и 1984), и Инсбрук (Зимски олимписки игри 1964 и 1976). Покрај тоа, Стокхолм бил домаќин на Летните олимписки игри 1912 како и на натпреварите во коњички спорт на Летните олимписки игри 1956. Во 2012 година, Лондон станал единствениот град кој трипати бил домаќин на Олимписки игри. САД биле организатори на осум изданија од Олимписките игри, повеќе од било која друга земја а потоа следува Франција со пет изданија. Канада, Германија, Италија, Јапонија и Обединетото Кралство биле организатори на три изданија. Игрите главно биле организирани во Европа (30 изданија) и Северна Америка (12 изданија); пет изданија биле организирани во Азија а две изданија во Океанија. Во 2016 година, Рио де Жанеиро ќе стане првиот Јужноамерикански олимписки град домаќин, додека Африканскиот континент сè уште нема организирано Олимписки игри. Други големи географски региони кои немале прилика да бидат организатори се: Средниот Исток, Индискиот Потконтинент, Карибите, Средна Америка и Југоисточна Азија. Градовите-домаќини се избираат од страна на членовите на МОК, обично седум години однапред.[2] Просецот на избор обично трае две години. Во првата фаза, било кој град во светот може да поднесе апликација за да стане град-домаќин. По десет месеци, извршниот одбор на МОК одлучува кои од овие градови апликанти ќе станат официјални кандидати засновани на препораките на работните групи кои ги прегледале апликациите. Во втората фаза, градовите-кандидати се истражуваат темелно од комисијата за проценка, која го стеснува изборот за град-домаќин на неколку градови. Градот-домаќин потоа се избира преку гласање на членовите на МОК на генерално собрание.[3] Градови-домаќини
СтатистикаГрадови со повеќекратни домаќинства• Домаќин на Зимски и Летни олимписки игри
Список на Олимписки игри по земја![]() 4 пати или повеќе 3 пати 2 пати 1 пат Не организирале ![]() 4 пати или повеќе 3 пати 2 пати 1 пат Не организирале Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia