Пред 10 јули 1964 година, државите станале членки на СПС со ратификување на најновата верзија на Договорот од Берн. По овој датум, државите стануваат членки со ратификување на Уставот на Светскиот поштенски сојуз, кој го вклучил Договорот од Берн и додал одредби на него. Три држави кои биле странки на Договорот од Берн во 1964 година, а со тоа и членки на СПС, и кои го потпишале, но никогаш не го ратификувале Уставот се Доминиканска Република, Хондурас и Судан.[1] Сметано е дека овие држави „премолчено го ратификувале“ договорот поради нивното континуирано учество во СПС. Исто така вклучени како членови се две „заеднички членства“ за зависни територии (едно за британските прекуморски територии и едно за конститутивните земји на Карибите (холандски: landen) на Кралство Холандија (Аруба, Курасао и Синт Мартен), првично како Холандски Антили). На зависните територии не им е дозволено да го ратификуваат Уставот на СПС, но затоа што Договорот од Берн дозволил зависностите да се приклучат на СПС,[2] наведувајќи ги овие членови одделно како „Колонии, протекторати итн.“[3] Уставот на Светскиот поштенски сојуз го признал нивното членство кога само било ограничено на суверените држави.[2][4] Сепак, ниту британските ниту холандските ентитети не го ратификувале Договорот од Берн одвоено од ратификациите на Обединетото Кралство и Кралството Холандија, редоследно.
Врз основа на член 23 од Уставот на СПС, другите зависности на земјите-членки на СПС се опфатени со нејзиното членство. Териториите опфатени со суверена земја-членка се наведени под таа земја.[5]
Палестински територии – Има статус на посебен набљудувач на СПС од 1999 година, поштата на Западен Брег е доставувана преку Јордан од 2008 година.[15][16] Од Предлошка:When до 2010 година, поштата во Појасот Газа била доставувана преку Израел.[17] На 15 ноември 2018 година, претседателот на Државата Палестина потпишал документи за пристапување во СПС како полноправна членка.[18] Сепак, земјите-членки на СПС не го одобриле барањето.[19]
Државите кои не учествуваат во активностите на СПС
Во општи области управувани од организации кои не се членки на СПС, нивната меѓународна пошта мора да ја ракува земја-членка.[20]
Андора[21] – пошта испраќана преку Франција или Шпанија.
Во текот на историјата, голем број земји-членки на УПУ забележале пропуст на нивното членство, поради политички промени. Онаму каде што постоело непосреден наследник, членството вообичаено би се префрлило на таа држава. Во други случаи членството им истекло.
Овој список е нецелосен. Можете да помогнете со тоа што ќе го дополните.
Чехословачка 18 мај 1920 – Словачка и Чешка го ратификувале договорот откако Чехословачка се распаднала во 1992 година. Воена Словачка (1939–1945) го ратификувала Универзалниот поштенски договор и сите негови протоколи на 8 мај 1941 година.[се бара извор]
↑ 7,07,17,2Држава која станала членка на СПС со ратификувањето на Договорот во Берн и која го потпишала Уставот, но која не го ратификувала истиот.[1] Овие држави се се смета дека „премолчено го ратификувале“ договорот поради нивното континуирано учество во СПСа.[2]
↑Хонгконг бил дел од заедничкото членство на британските прекуморски територии од 1 април 1877 до 1 јули 1997.[8] Хонгконг продолжува да учествува во Светскиот поштенски сојуз после предавањето на Хонгконг од Обединетото Кралство до НР Кина на 1 јули 1997.[9]
↑На 17 октомври 2018 година, Соединетите Држави го известиле СПС за нивната намера да се повлечат од Сојузот, кои според условите на Уставот на СПС ќе стане ефективно после една година.[11][12] Сепак, државата покажала дека ќе биде волна да остане како членка ако бидат средени некои работи кои за нив се проблематични (ниските терминални такси наплаќани кон земјите во развој, за да испратат пошта во развиените земји) можат да бидат одново преговарани за време на периодот на повлекување.[13] Во октомври 2019 година, после вонредниот конгрес на СПС, било договорено да бидат зголемени терминалните такси, Соединетите Држави избрале да останат како членка на СПС.[14]
↑Овие три ентитети се уставни држави во Кралство Холандија, но имаат заедничко членство во СПС, одделно од тоа на Холандија. Пред распадот на Холандските Антили на 10 октомври 2010 година, Аруба и тогашните Холандски Антили делеле заедничко членство во СПС. После распадот, Курасао и Свети Мартин станале уставни држави во рамките на Кралството Холандија; Бонер, Свети Евстахиј и Саба, сега збирно познати како Карипска Холандија, станале делови од матична Холандија.
↑Слободната Држава Орање пристапила кон Поштенската конвенција во Виена во 1898 година, и година подоцна исто така пристапила на таа конвенција во Вашингтон.[27] Државата била распадната по потпишувањето на Договорот од Ференехинг. Членстовото не преклопило туку било споено кон членството на британската Јужна Африка.
↑Јужноафриканската Република била членка од 1895 година[28] се до распадот по потпишувањето на Договорот од Ференехинг. Членстовото не преклопило туку било споено кон членството на британската Јужна Африка.
↑Chen, Lung-chu (陳隆志) (8 октомври 2008). 萬國郵政聯盟與世界郵政日 [Universal Postal Union and World Post Day]. Taiwan New Century Culture and Education Foundation. Архивирано од изворникот 16 октомври 2014.
↑„UPU Period“. Post Office in Paradise. Посетено на 7 јануари 2024.
List of member countries of the Universal Postal Union: showing their contribution class, geographical group and legal situation with regard to the Acts of the Union. Bern: International Bureau of the Universal Postal Union, 2005 13p.