Тајландско писмо или тајско писмо (тај. อักษรไทย, мктр.аксон тај) — писмото на тајландскиот и другите малцински јазици во Тајланд. Има 44 согласки (พยัญชนะ, пајанчана), петнаесет самогласни знаци (สระ, сара) што образуваат барем 28 самогласни облици, како и четири тонски бележници (тајландски: วรรณยุกต์ или วรรณยุต, ванајук или ванајут).
Иако обично се нарекува „тајландска азбука“, ова впрочем не е вистинска азбука туку абугида - писмо каде секоја самоголаска може да се повика на нејзе својствен самогласен глас, опишан како подразбрано 'a' или 'o'. Согласките се пишуваат хоризонтално, од десно на лево, а самогласките се распоредуваат над, под, лево или десно од самогласката (или комбинација од овие положби).
Тајландскиот има и свои бројки (ตัวเลขไทย, туа лек тај) што се темелат на индоарапскиот систем , но западните арапски бројки исто така наоѓаат широка примена.
Историја
Реплика на натписот на кралот Рам Камхенг Велики, најстар натпис на првобитно тајско писмо.
Тајландската азбука води потекло од старокмерското писмо, кое е јужен брамски стил на писмо од типот „вателуту“. Според преданијата, писмото е создадено во 1283 г, а негов творец е кралот Рам Камхенг Велики.
Во писмото не постојат големи и мали букви, а зборовите не се одделуваат со простор.
Писмо
Согласки
Будистичка сутра на тајландски (тајско-кмерски стил на букви)
* อ е посебен случај со тоа што на почетокот од зборот се користи како нем почеток кај слоговите што почнуваат со самогласка (сите самогласки се пишуваат во однос на согласка — погл подолу). Истиот сибол се користи како самогласка во непочетна положба.
Фонетика
Тајландскиот јазик разликува три шеми на звучност и приздив (аспирација) кај избувни (плозивни) и слеани (африкатни) согласки:
безвучни, неприздивни
безвучни, приздивни
звучни, неприздивни
Додека македонскиот разликува само звучно неприздивно /b/ и безвучно приздивно /pʰ/, во тајландскиот постои трет вид на звук што не е ниту звучен, ниту приздивен. Во македонскиот овој глас се јавува само како алофон на /p/, приближно звукот на п во зборот „спие“. Аналогно на тоа постои и венечна тројка /t/, /tʰ/, /d/. Во преднонепчената низа се јавува парот /k/, /kʰ/, а во заднонепчената го имаме парот /t͡ɕ/, /t͡ɕʰ/.
Во долунаведените ќелии, на првиот ред стои МФА, на вториот се укажани тајландските букви во почетна положба (неколку букви што се јавуваат во иста кутија имаат ист изговор).
* ฃ и ฅ се исфрлени од употреба. Затоа, современиот тајландски има 42 согласни букви.
** Почетното อ е немо и затоа се смета за гласилна избувна согласка.
Рими
Иако 44-те согласни букви даваат 21 звук кај почетоците, ова е поинаку кај римите (завршетоците). Во римите се допуштени само осум гласа и отсуство на глас наречено mātrā (มาตรา). На пример, на крајот од слогот, гласовите บ (/b/) и ด (/d/) се обезвучуваат, па така се изговараат како /p/ и /t/.
Од согласните букви, не сметајќи ги исфрлените ฃ и ฅ, шест (ฉ ผ ฝ ห อ ฮ) не можат да се користат како рими, а другите 36 се групираат на следниве начини.
* Гласилната избувна самогласка се јавува на крајот кога нема рима по кратка самогласка
Самогласки
Самогласните гласови и дифтонзи во тајландскиот јазик се пишуваат со мешавина од самогласни симболи на основа на самогласка. Секоја самогласка има своја правилна положба во однос на основна согласка, а понекогаш и крајна согласка. Самогласките можат да бидат над, под, лево или десно од согласката, или пак во комбинација од нив. Доколку самогласката има делови пред и по почетната согласка, а слогот почнува со група согласки, тогаш расцепот оди околу целата група.
Самогласките се претставуваат со вкупно 21 симбол. Можат да стојат сами, или во комбинација со други такви самогласни симболи.
^ Овие симболи секогаш се комбинираат со phinthu i (◌ิ)
Својствените самогласки се /a/ кај отворени слогови (СгСм) и /o/ кај затворени слогови (СгСмСг). На пример, ถนน се транскрибира како /tʰànǒn/ „пат“. Постојат неколку исклучоци со заемките од пали, каде својствената самогласка на отворен слог е /o/. Циркумфиксните самогласки, како เ–าะ/ɔʔ/, ја опфаќаат претходната согласка со својствена самогласка. На пример, /pʰɔʔ/ is written เพาะ, and /tɕʰapʰɔʔ/ „само“ се пишува како เฉพาะ.
Лигатурните знаци ฤ ฤๅ (плус исфрлените ฦ ฦๅ) обично се сметаат за самогласки, кратка и долга. Знакот ฤ може да игра улога на ริ како составен дел од многу заемки од санскрит како กฤษณะ (kritsana, не kruetsana) ฤทธิ์ (rit, не ruet) กฤษดา (kritsada, не kruetsada). Наоѓа примена и кај зборот อังกฤษ angkrit „англиски“ и ประเทศอังกฤษ Prathet angkrit „Англија“.
Ro han (ร หัน) обично не се смета за самогласка и затоа не фигурира на табелата. Ја претставува самогласката sara a/a/ присутна кај некои зџаемки од санскрит и се јавува како ◌รร◌. Кога се користи без рима (◌รร), тогаш како рима се подразбира /n/, па затоа гласи [an].
^ Tрадиционално, овие дифтонзи и трифтонзи се сметаат за комбинации од обични самогласки или дифтонзи со wo waen (ว, /w/) или yo yak (ย, /j/) како рима, и не се вбројуваат во редовните самогласки.
^ Дополнителните самогласки немаат посебна гласовна вредност, туку претставуваат симболи за извесни самогласно-согласни комбинации. Традиционално се сметаат за самогласки, но некои извори велат дека не се.
^Sara ai (ใ◌ и ไ◌) и sara ao (เ◌า) исто така се сметаат за дополнителни самогласки.
Дијакритики
Дијакритиките се користат за означување на измена во звучната вредност на буквите.
Тајландскиот е тонски јазик, па затоа писмото наполно ги претставува тоновите во него. Тоновите се реализираат во самогласките, но писмено се означуваат со комбинација од класата на почетната согласка (висока, средна или ниска), должина на самогласката (долга или кратка), римата (избувна или гласник) и (ако го има) еден од четирите тонски ознаки. Називите и знаците на тонските ознаки се добиени од називите на броевите 1, 2, 3 и 4 на индиски. Правилата за запишување на тоновите се претставени на следнава табела:
Отсуството на тонска ознака (во табелата: „нема“) е основниот акцент (พื้นเสียง, pheun siang). Mai tri и mai chattawa се користат само со согласки од средна класа.
За измена на тонот се користат два согласни знака (не дијакритики):
ห นำ ho nam, предводно ho. Висококласно немо ห ги „води“ нискокласните носни согласки (ง, ญ, น о ม) и неизбувните согласки (ว, ย, ร и ล), кои немаат висококласен фонетски пандан, во тонските особини на висококласна согласка. Кај повеќесложните зборови, почетна согласка од средна или висока класа со својствена самогласка на истиот начин ги „води“ истите согласки од ниска класа во висококласни тонски правила, каде тонската ознака ја носи нискокласната согласка.
อ นำ o nam, предводно o. Само кај четири зборови - немо อ од средна класа го „води“ нискокласното ย во среднокласни тонски правила: อย่า (ya, немој) อยาก (yak, желба) อย่าง (yang, вид, тип) อยู่ (yu, престој). Може да се забележи дека сите четири имаат нискотонско siang ek со долга самогласка, но อยาก (кој е мртов слог) нема потреба од тонска ознака, па така сите три живи согласки добиваат mai ek.
Во неформален разговор често се јавуваат исклучоци каде зборовите се пишуваат си еден тон, а се изговараат со друг (позастапен пример се заменките ฉัน chan и เขา khao, што се изговараат со висок тон наместо означениот растечки). При рецитирање и јавно читање, истите овие збориви се изговараат според напишаното.
Други дијакритики служат за означување на кратки самогласки и неми согласки:
Mai taikhu („стап што се качува и клекнува“). Всушност минијатурна варијанта на тајландскиот број 8 ๘. Mai taikhu често се користи со sara e (เ) и sara ae (แ) во затворени слогови.
Thanthakhat („убивање како казна“); karan значи „откажан“.
порано означувал почеток на реченица, пасус или строфа (исфрлен);[4] денес означува само почеток на строфа во песна и игра улога на потточка во набројување[5]
๏"
ฟองมันฟันหนู, ฟันหนูฟองมัน, ฝนทองฟองมัน
fong man fan nu, fan nu fong man, fon tong fong man
порано означувал почеток на глава (исфрлен)
๐"
ฟองดัน
fong dan
ฯ
อังคั่นเดี่ยว, คั่นเดี่ยว, ขั้นเดี่ยว
angkhan diao, khan diao, khan diao
претходно означувал крај на реченица или строфа (исфрлен)[4]
๚
อังคั่นคู่, คั่นคู่, ขั้นคู่
angkhan khu, khan khu, khan khu
означува крај на строфа и крај на глава [4] или пак долг став[5]
Pai-yan noi и angkhan diao имаат ист знак. Sara a (–ะ) што се користи во комбинација со други знаци се нарекува wisanchani.
Уникод
Тајландското писмо е додадено во верзијата 1.0 на стандардот Уникод во октомври 1991.
Уникодниот блок посветен на тајландското писмо е U+0E00–U+0E7F. Блокот е дословно препишан од постариот комплет знаци TIS-620 кој ги шифрира знаците เ, แ, โ, ใ и ไ пред согласките што им претходат. Така, тајландското, лаоското и црнотајското се единствените индиски (т.е. брамски) писма во Уникод што се водат по ликовен наместо логички редоследд. Сивите полиња означуваат недоделени места:
↑Tingsabadh, Kalaya; Arthur S. Abramson (1993). „Thai“. Journal of the International Phonetic Association. 23 (1): 24̂–28. doi:10.1017/S0025100300004746. |access-date= бара |url= (help)
↑ไ◌ย се среќава во ไทย Thai и во заемки од пали што содржат -eyya. Знакот ย е излишен, но може да се изговори во сложен збор кога е сврзан со самаса.