Црква „Св. Ѓорѓи на Ридот“
Свети Ѓорѓи на Ридот[б 1] (грчки: Άγιος Γεώργιος του Βουνού) — црква во градот Костур, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Храмот е дел од парохијата на „Св. Панталејмон Варлаамски“.[1][2][3] Изворно ѝ припаѓала на Охридската архиепископија. ИсторијаЦрквата била подигната во XIV век. Веројатно првобитно била манастирска црква, што се потврдува во натпис на големиот засводен влез во дворот[1][3]:
Во 1924 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.[4] АрхитектураГрадбата претставува мала еднокорабна базилика со припрати на јужната и северната страна и влез на југ. Изградена е од камен, со кал како врзивен материјал, типично за костурските цркви од втората половина на XIV век.[1][3] Во XXI век започнало отстранувањето на надворешниот малтер и откривање на првичниот изглед на ѕидаријата. ФрескиВо наосот![]() Живописот на храмот е од втората половина на XIV век. Иако е оставено место за натпис над влезот, поради нејасни причини тој не бил напишан. Иконографијата на оваа црква е типична за еднокорабните базилики во Костур од XIV век. На источниот ѕид, над фронтонот е претставена сцената на Вознесението, под неа Благовештението и во апсидата на храмот – Пресвета Богородица Сецарица (Пантанаса). На јужниот ѕид во горната зона, од сцените на Дванаесетте празници се истакнуваат оние на Рождеството и на Сретението Христово. Во долгата зона се претставени ликовите на Св. Ѓорѓи, Св. Теодор Тирон и Св. Теодор Стратилат и Св. Онуфриј. Од внатрешната страна на ѕидаријата на влезот е претставена Св. Марина. Горе на западниот ѕид е Преображението Господово, а во долната зона Успението на Пресв. Богородица и Христос Елкоменос. Во долната зона, на левата страна е претставен Св. Архангел Михаил, а надесно Св. Константин и Елена. Од внатрешната страна на ѕидот на западната врата е претставен Св. Симеон Столпник. Во горниот дел на северниот ѕид се сцените на Распетието, Оплакувањето, Каменот и Слегувањето во Адот. Во долниот дел се Св. Артемиј, Св. Меркуриј, Св. Прокопиј, Св. Димитриј, Св. Јован Богослов, Дејзис и во светилиштето Видението на Св. Петар Александриски. Меѓу двете основни зони на јужните, западните и северните страни се претставени второстепени светци во медаљони.[1][3] Во припрататаСпоред постоечкиот натпис, припратата исто така е живописана со фрески во 1651 г.[1][3] Натписот гласи:
Иконографијата на припратата е посветена на Свети Ѓорѓи. Во горната зона се претставени сцени од неговиот живот и мачеништво, а во долната зона се светци во цел раст: Св. Григориј Палама, Св. Атанасиј Велики, Св. Григориј Богослов, Св. Јован Златоуст, Св. Василиј Велики, Св. Теофан во големо поле и Св. Герасим. На јужниот ѕид кон исток е гробот на ктиторите.[1][3]
Наводи
Забелешки
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia