Валгаци или Валгат (грчки: Καμποχώρι, Камбохори, катаревуса: Καμποχώριον, Камбохорион, до 1926 година Βαλκάση, Валкаси или Βαλκάτς, Валкац[2]) — село во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ, Грција. Населението брои 106 жители (2021). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[3]
Кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:
„
Валгатци (Валгат), 21 /III, 1⁄2 ч. од Оризарци. 24 македонски[7] егзархиски куќи, чифлик. Се занимаваат со земјоделство, бубарство и малку лозарство. Црнвата нема никакви имоти. Од Патријаршијата откажано пред десетина години пред статуквото. Училиштето (бегова куќа без наем) е двокатно: долу коњушница, горе само училница, без таван, со исподупчено душеме и ѕидови, два прозорца без рамки и стакла.[8]
“
По податоци на Егзархијата во 1910 г. В’лгаци (Вългаци) било чифлигарско село со 21 семејство сочинети од 135 жители Македонци и една црква.[4][9]
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Валгаци пред Балканските војни имало 35 куќи на Македонци христијани.[10]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. Валгаци било пропоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година имало 142 жители кои во 1920 г. се накачиле на 165 лица.[3] Во 1925 г. речиси. сите жители (официјално 147) биле принудени да се иселат во Бугарија.[3] На нивно место се населени дојденци од селото Киздервент во Мала Азија чие население се Македонци од Охридско присилно иселени таму на почетокот на XVIII век за да бидат дервенџии, чиј јазик и денес е смеса од македонски со турски зборови.[11] Покрај нив имало и сосем мал број лица дојдени од Понд. Во 1926 г. селото е преименувано во Камбохори.[12] Во 1928 г. селото имало 336 жители[3] од кои 221 лица (65 семејства) биле дојденци, а останатите македонски староседелци.[13] Во 1940 г. Валгаци имало 310 жители, од кои, според НОФ, само 30 староседелски Македонци.[3]
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
310
315
343
268
248
204
171
176
106
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
↑Нарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда.
↑Хърлев, Никола (1998). Рапорт по ревизията на селските български училища в Ениджевардарската кааза през м. март 1909 год. – В: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 86.
↑Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.