Шаинташ — село на планината Плачковица, Општина Радовиш, источна Република Македонија. Денес селото е целосно иселено, во него постојат само неколку вили, кои се користат повремено за одмор. Исто така, околината на село Шаинташ се користи за сечење дрва за огрев и мебел, садење планински земјоделски култури - како компир, сточарство и слично.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Радовишки Шоплук, оддалечено 10 км североисточно од општинскиот центар Радовиш. Селото е сместено на надморска височина од 1.000 метри.[3]
Жителите на селото се занимавале со сточарство и земјоделство.
Демографија
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
277
—
1953
290
+4.7%
1961
61
−79.0%
1971
4
−93.4%
1981
0
−100.0%
Година
Нас.
±%
1991
0
0.00%
1994
0
0.00%
2002
0
0.00%
2021
0
0.00%
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[7]
Денес селото е целосно иселено. Во минатото, селото било со мал број на жители. Околу 1905 година во селото имало 80 жители. Речиси сите жители во педесеттите и шеесеттите години на XX век се преселиле во селото Ораовица и во Радовиш.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата од 1928 година, родови во селото.
Доселеници:Стојановци (6 к.) доселени се пред 300 години од селото Пресека кај Кочани; Крстовци со Пецовци (9 к.) доселени се од селото Козбунар, во исто време со претходниот род; Стевановци со Ѓоргевци (7 к.) доселени се во исто време со претходните два рода од селото Вртешка кај Штип; Лазаревци (3 к.) и Пецовци (3 к.) доселени се од селото Смиланци.[12]