Чешме Маале
Чешме Маале — раселено село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш. Денес, во месноста на некогашното село, долж регионалниот пат 2431 се наоѓаат неколку преостанати објекти. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Радовиш, сместено во областа Јуруклак.[2] Со оглед на тоа што селото е сместено на јужната падина на планината Плачковица, селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.000 метри. Селото се наоѓа северно од градот Радовиш.[2] Низ самото село поминува регионалниот пат 2431. ИсторијаСпоред истоименото археолошко наоѓалиште во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[3] СтопанствоАтарот на селото зафаќа простор од 7,1 км2.[2] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Чешме Маале живееле 75 жители, сите Турци.[4] Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Чешме махале живееле 130 Турци.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Турци.[6] Во 1970-тите селото целосно е напуштено.[2] Според пописот од 2002 година, Чешме Маале немало ниеден жител.[7] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Самоуправа и политикаВо XIX век, Чешме Маале било село во Радовишката каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш. Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната општина Калаузлија, во која покрај селото Чешме Маале, се наоѓале селата Али Лобаси, Држанци, Калаузлија, Каралобаси, Караџалар, Шаинташ и Штурово. Општината Калаузлија постоела и во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Али Лобаси, Држанци, Калаузлија, Каралобоси, Караџалар, Штурово и Чешме Маале. Избирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 1605 според Државната изборна комисија, сместено во простории на основното училиште во селото Калаузлија. Во ова изборно место се опфатени селата Али Лобаси, Држани, Калаузлија, Каралобоси, Караџалар и Чешме Маале.[12] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 219 гласачи.[13] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 229 гласачи.[14] Културни и природни знаменитости
Галерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia