Тополница (Радовишко)За други истоимени места, погледајте Тополница.
Тополница — село во Општина Радовиш, во областа Јуруклак, во околината на градот Радовиш. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 562 жители,[2] со што селото се вбројува во средни села во областа на Конче и Радовиш.[3] Потекло и значење на името![]() Името на селото првпат се сретнува во историските документи како Тополница во XVI век (1573 г.). Се претпоставува дека доаѓа од дрвото топола.[4] Географија и местоположбаСелото се наоѓа во северозападниот дел на територијата на Општина Радовиш, сместено во малото Дамјанско Поле, а во непосредна близина на рудникот „Бучим“.[5] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 520 метри. Од градот Радовиш е оддалечено 10 километри.[5] Селото се наоѓа во југозападниот дел на областа Јуруклак, на јужните падини на Плачковица. До селото води асфалтен пат. ИсторијаСпоред бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[6] СтопанствоАтарот на селото зафаќа простор од 16,2 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 565 хектари, на шумите отпаѓаат 489 хектари, а на пасиштата 472 хектари.[5] Во основа, селото има мешовита земјоделска функција.[5] Во селото работи продавница. Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Тополница живееле 400 жители, сите Турци.[7] Според Димитар Гаџанов во 1916 година, во селото имало 381 жител, сите Турци.[8] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Турци.[9] Селото е средно по големина коешто во 1961 година броело 533 жители, од кои 274 биле Турци, 156 Албанци и 98 жители Македонци. Во 1994 година селото имало 532 жители, од кои 425 биле Турци, 92 Македонци и 13 жители Албанци.[5] Според пописот од 2002 година, во селото Тополница живееле 562 жители, од кои 55 Македонци, 7 Албанци, 499 Турци и 1 останат.[2] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 414 жители, од кои 4 Албанци, 380 Турци, 2 Бошњаци и 28 лица без податоци.[10] Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Тополница:
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години Општествени установи![]()
Самоуправа и политикаВо XIX век, Тополница било село во Радовишката каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш. Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Ињево, во која покрај селото Тополница, се наоѓале и селата Бучим, Воиславци, Горна Враштица, Дамјан, Дедино, Долна Враштица, Ињево, Погулево и Сулдурци. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Тополница, во која влегувале селата Али Коч, Бучим, Коџалија, Прналија, Супурге и Тополница. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1599 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[11] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 497 гласачи.[12] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 495 гласачи.[13] Културни и природни знаменитости
Личности
Галерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia