Селото е сместено на јужните падини на Плачковица, северно од Радовиш, меѓу Штурово на југозапад и Чешме Маале на север. Атарот е мошне мал, со површина од 2,5 км2.[3]
Историја
Подрачјето на Караџалар е населено уште од средниот век, за што сведочи наоѓалиштето Асарлак на 3-4 км северно од селото.[4]
Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Караџали живееле 37 Турци.[6]
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
103
—
1953
118
+14.6%
1961
14
−88.1%
1971
0
−100.0%
1981
0
0.00%
Година
Нас.
±%
1991
0
0.00%
1994
0
0.00%
2002
0
0.00%
2021
0
0.00%
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Турци.[7]
Населението на Караџалар стрмоглаво опаднало во текот на 1950-тите поради иселувањето на Турците од Македонија. Од 118 жители во 1953 г. се свело на само 16 во 1961 г. Во текот на 1960-тите селото е целосно напуштено. Според пописот од 2002 година, Караџалар немал ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години: