Според пописот од 2002 година, селото имало население од 122 жители,[2] со што селото се вбројува во мали села во областа на Конче и Радовиш.[3]
Географија и местоположба
Разрушени куќи во селото
Селото се наоѓа во северозападниот дел на територијата на Општина Радовиш, сместено во областа Јуруклак, под северозападната падина на Плачковица.[4] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 660 метри. Од градот Радовиш е оддалечено 6 километри.[4]
До селото води асфалтен пат.
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 10,2 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 504 хектари, на шумите отпаѓаат 367 хектари, а на обработливото земјиште 146 хектари.[4]
Во основа, селото има полјоделско-сточарска функција.[4]
Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Радовишка градска општина, во која покрај селото Прналија, се наоѓале градот Радовиш и селата Али Коч, Козбунар, Коџалија, Раклиш, Супурѓе и Шипковица. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Тополница, во која влегувале селата Али Коч, Бучим, Коџалија, Прналија, Супурѓе и Тополница.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1600 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[13]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.