Според пописот од 2002 година, селото имало население од 328 жители,[2] со што селото се вбројува во средни села во областа на Конче и Радовиш.[3]
Географија и местоположба
Куќи во селото
Селото се наоѓа во западниот дел на територијата на Општина Радовиш, сместено во областа Јуруклак.[4] Со оглед на тоа што селото е сместено на југозападната падина на Плачковица, селото е планинско, сместено на надморска височина од 780 метри. Од градот Радовиш е оддалечено 6,5 километри.[4]
До селото води асфалтен пат.
Историја
Според бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[5]
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 7,3 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 409 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 211,8 хектари, а на пасиштата 110 хектари.[4]
Во основа, селото има полјоделско-шумарска функција.[4]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1928 година родови во селото:[14]
Доселеници:Зубери (4 к.), Мемитовци (9 к.), Мемишови (4 к.), Усеиновци (7 к.), Аметовци (10 к.), Мустафовци (5 к.) и Исмаил-Деде (4 к.), сите се стари доселеници доселени во селото на почетокот од XVI век.
Иселеништво
Дел од жителите на селото се имаат иселувано во Турција.
Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Радовишка градска општина, во која покрај селото Али Коч, се наоѓале градот Радовиш и селата Козбунар, Коџалија, Прналија, Раклиш, Супурѓе и Шипковица. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Тополница, во која влегувале селата Али Коч, Бучим, Коџалија, Прналија, Супурѓе и Тополница.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1603 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.[16]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.