Во 1880 г. муктарот (кметот) на Додулари, Коста Манук, е испратен во затвор во Азија поради учество во потпишување на петиции до Румелиската комисија.[9] Меѓу 1896 и 1900 г. селото преминало под врховенството на Бугарската егзархија.[10]
Според извештај на Димитриос Сарос од 1906 г. Дудулар (Δουδουλάρ) е словенојазочно село во Солунската митрополија со 130 жители со сопсвена национална свест. Во селото работело 1 бугарско училиште со 20 ученици и 1 учител.[14]
Во Грција
Офицери на Антантата кај Дудулар за време на Првата светска војна.
Во 1913 г. по Втората балканска војна Додулари е припоено кон Грција, кога населението броело 121 жител.[2] Во прегледот на населението направен во 1917 и 1918 г. Милоевиќ го завел Дудулар како село со 30 македонски куќи.[15]
Во 1926 г. селото е преиманувано во Дијавата. Согласно Лозанскиот договор во 1922 г. во селото са населени 87 семејства на туркојазични Грци од Мала Азија и 98 семејства на кавкаскиЕрменци (исто така од Турција), вкупно 562 лица.[16] Во 1928 г. Додулари е заведено како староседелско-дојденско село со 170 доселенички семејства сочинети од 524 лица.[17] Некои од малобројните македонски мештани (официјално 54 лица) се преселиле во Бугарија заради притисоците.[2] Следствено на тоа, Македонците останале мошне мало малцинство во селото.
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
779
1.125
1.707
2.716
3.375
4.463
8.423
9.890
10.205
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
Цркви
„Св. Димитриј“ од 1853 г., прогласена за споменик на културата
Митре Дудуларски — револуционер, терорист на Централниот комитет на МРО, заедно со Иван Карасулијата го убил србоманскиот учител Илија Пејчиновски во Солун на 6 септември 1897 г.[20]
↑Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 150–151. ISBN954-8187-21-3.
↑Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 524. ISBN954-90006-1-3.
↑Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга първа, стр. 356, 389.
↑„Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 54-55, ISBN 954-9514-56-0