Коњари (Солунско)
Коњари или Ѓундулар (грчки: Ανατολικό, Анатолико; до 1955 г. Βαλμάδα, Валмада[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Делта на Солунскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 2.409 жители (2021), сите Македонци.[3] Географија и местоположбаСелото е сместено во областа Вардарија, 4 км северно од градот Кулаќа и 15 км западно од Солун. Лежи на надморска височина од 8 м.[3] ИсторијаВо 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Коњари како македонско[4] село.[5] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Коњаре (Koniaré) има 234 домаќинства со 1.090 жители, сите Македонци.[6][7] Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Коњари имало население од 1.220 жители, сите Македонци христијани.[6][8] Целото село било под врховенството на Цариградската патријаршија, односно под грчка пропаганда. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Коњаре (Koniaré) има 960 жители Македонци[6] и во селото работело грчко учулиште.[9] Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 968 жители. Во неговиот патописен попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ за време на Првата светска војна завел 250 македонски куќи.[10] Во 1920 г. населението нараснало на 1.064, а во 1928 г. попишани се 1.149 жители.[3] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото припаѓа на општинската единица Кулаќа со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Делта, во округот Солун. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Коњари, каде тоа е еднственото населено место. СтопанствоЗемјиштето е многу плодно и целосно се наводнува. Населението претежно одгледува овошје, памук, жито и други култури, а во поново време е развиено и краварството.[3] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia