Кангалич
Кангалич или Кајали (грчки: Βραχιά, Врахиja; до 1928 г. Καγιαλή, Кајали[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Делта на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци и нешто Роми.[3] ГеографијаСелото се наоѓа во областа Вардарија во Солунското Поле, североисточно од градот Солун. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоСелото датира од XV век. Во XVII–XVIII век имало околу 80 куќи.[4] Името Кајали на турски значи карпесто. Околу Кангалич имало многу блата бидејќи селото се наоѓа меѓу два мали ракава на Вардар, а трет минува низ самото село. Жителите страдале од недостаток на здрава вода за пиење и користеле речна вода која ја филтрирале.[5] Во 1878 г. Кајли (Kaïli) е заведено со 420 жители. На крајот од XIX век селото било чифлик на Талат-бег. Селаните одгледувале овес, јачмен, ’рж, пченка, сусам, зеленчук, како и биволи, коњи, крави и овци. Тие се занимавале и со риболов во водите на Вардар и Долното Езеро.[5] Васил К’нчов во „Македонија. Етнографија и статистика“ во 1900 г. го спомнува селото двапати — еднаш како Кајали (Къяли) со 348 жители Турци и вторпат како Кангалич (Кънглич) со 240 Македонци и 60 Роми.[6][7] Според тенденциозниот асимилаторски попис од 1905 г. во селото имало 222 „Грци“.[4] Според Христо Силјанов по Илинденското востание во 1904 г. целото село (Канголич) преминало под врховенството на Бугарската егзархија.[8] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Кангалич (Kangalitch) живееле 480 Македонци, сите под егзархијата.[6][9] Според грчки извори селото е (присилно) вратено под врховенството на Цариградската патријаршија од грчките чети на капетаните Гоно Јотов и Константинос Буковалас.[10] Според грчки податоци од 1905 г. селото имало 222 жители кои биле „гркојазични и словенојазични“, како и Роми муслимани.[11] Според извештај на Димитриос Сарос од 1906 г. Кајали (Καγιαλί) е „словенојазично“ село во Кулакиската епископија со 245 жители (145 мажи и 100 жени) со наводна грчка свест. Во селото работело грчко основно училиште со 28 ученици (26 машки и 2 женски) и 1 учител.[12] Во 1910 г. во селото имало 220 православни жители и 20 муслимански жени.[13] Во ГрцијаЗа време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. е припоено кон Грција. Во пописот од 1913 г. Кангалич се води како село со 217 жители (151 мажи и 120 жени).[14] Боривое Милоевиќ напишал во 1921 г. („Јужна Македонија“) дека Кангалиќ (Кангалић) има 25 македонски и турски 10 куќи.[15] Во 1920-тите години во селото се доведени туркојазични Грци од Мала Азија.[3] Според пописот од 1928 г. Кангалич е мешано село од староседелци и 11 дојденски демејства сочинети од 32 лица.[16] Извесен број Македонци се преселиле во Бугарија. По исцедувањето на Ениџевардарското Езеро и околните блата се добило мошне плодно земјиште, и тука биле доведени уште грчки колонисти.[3] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia