Долно Каваклиево
Долно Каваклиево или Ќопек Кавакли (грчки: Κάτω Καβακλί, турски: Köpek Kavaklı) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Делта на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Било населено исклучиво со Македонци.[1] ГеографијаДолно Каваклиево се наоѓало во Солунското Поле, во областа Вардарија. Било сместено на 2 км североисточно од Коњари и на 5 км југозападно од Текелиево. Лежело на левиот северен брег на ракавецот Мал Вардар.[2] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВп XIX век Каваклиево било македонско чифличко село во Солунската каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович во „Очерк путешествия по Европейской Турции“ го опишува Кавакли како македонско село.[3][4] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Каваклиево (Cavaclievo) е село со 12 домаќинства сочинети од 42 жители Македонци.[3][5] Во 1900 г. според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Долно Каваклиово имало 85 Македонци христијани.[3][6] Според Боривое Милоевиќ, во 1902 г. чифликот се распаднал.[7] Целото население на Долно Каваклиево било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев (La Macédoine et sa Population Chrétienne) во 1905 г. во Долно Каваклиево (Dolno-Kavaklievo) имало 80 Македонци, сите под патријаршијата.[3][8] Во 1905 г. според грчки податоци во селото имало 27 жители, претежно припадници на патријаршијата. Жителите биле потесно сврзани со селата Кулакија, Теклиево, Лапра, Махмудово и Колопанци.[2] Според извештај на Димитриос Сарос од 1906 г. Кавакли Долно (Καβακλί Κάτω) е словенојазично село во Солунската митрополија со 30 жители под патријаршијата.[9] Во ГрцијаВо 1913 г. по Втората балканска војна Долно Каваклиево влегло во состав на Грција. Таа година во пописот се води како напуштена населба.[1] Селото е повторно населено бидејќи во 1920 г. тоа е заведено со 71 жител. Според Тодор Симовски селото конечно се распаднало во 1927 г. поради мелиоративните работи при регулацијата на Вардар и лошите услови за живеење, па истото е отпишано од евиденција во 1927 г.[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia