Лапра
Лапра (грчки: Λάπρα) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Делта на Солунскиот округ во областа Централна Македонија. Било населено со Македонци.[1] ГеографијаСелото се наоѓало во Солунското Поле, во областа Вардарија. Лежело североисточно од Кулакија и југозападно од Текелиево, на почетокот на таканаречениот Долен Пат кој го сврзува Солун со Кулакија и во минатото често под закана од водите на Вардар. Селото било на левиот северен брег на каналот Мал Вардар спроти Махмудово.[2] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоНа крајот од XIX век Лапра било чифлик со македонско население во Солунската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Атра Чифлик (Atra-Tchifliq) е показано като село с 20 домакинства и 98 жители Македонци.[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македония. Етнография и статистика“) в 1900 година Лапра има 106 жители Македонци.[3][5] Целото христијанско население на селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Лапра (Lapra) имало 80 Македонци под патријаршијата.[3][6] Според извештај на Димитриос Сарос од 1906 г. Лапра (Λάπρα) е словенојазично село в Кулакиската епископија со 45 жители.[7] Селото страдало од поплавувањето на Вардар. Грчки извори велат дека по големата поплава од 1906 г. во Лапра имало 98 лица дојдени од Кулакија.[2] Во ГрцијаПо Втората балканска војна Лапра е припоено кон Грција. Истата 1913 г. броело 54 жители (30 мажи и 24 жени). Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) селото е конечно растурено во есента 1914 г. поради поплава на Вардар.[8] Во 1918 г. е приклучено во одделот на Текелиево, но веќе не фигурира на пописот од 1920 г. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia