Колопанци
Колопанци (грчки: Κουλουπάντσα, Кулупанца) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Делта на Солунскиот округ во областа Централна Македонија. Било населено исклучиво со Македонци.[1] ГеографијаКолопанци се наоѓало во Солунското Поле, во областа Вардарија. Било североисточно од Кулакија, југозападно од Текелиево и на еден километар југоисточно од Коњари, меѓу двата стари ракава на Вардар, наречени Мал и Голем Вардар.[2] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоНа крајот од XIX век Колопанци е чифлик со македонско население во Солунската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Колонпенци (Colonpentzi) било село со 40 домаќинства сочинети од 193 жители Македонци.[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Колопанци имало 175 жители Македонци.[3][5] Целото население на селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Колопанци (Kolopantzi) имало 160 Македонци, сите под патријаршијата.[3][6] Во 1905 г. според грчки податоци селото имало 138 жители, претежно во грчката црква. Жителите биле потесно сврзани со селата Кулакија, Теклиево, Лапра, Махмудово и Долно Каваклиево.[2] Според извештај на Димитриос Сарос од 1906 г. Колопанѕи (Κωλοπάντζι) е словенојазично село во Кулакиската епископија со 40 жители со наводно „грчка свест“ (што во реалност значи дека не можеле да ѝ се спротивстават на грчката пропаганда).[7] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека чифликот Колопанци е растурен во 1909 г. поради беговски зулум. Поголемиот дел од населението се преселило во Коњари, а некои во Текелиево.[8] Меѓу нив се спомнува селанецот Ѓорѓи Делиџак[9] и неговиот род.[10] Во ГрцијаВо 1913 г. по Втората балканска војна Колопанци било припоено кон Грција. Таа година се спомнува како напуштено.[1] Селото повторно е населено, што се гледа од пописот од 1920 г. каде Колопанци се води со 26 жители.[11] Според Тодор Симовски селото конечно се распаднало во 1927 г. поради мелиоративните работи при регулацијата на Вардар и истото е отпишано од евиденција во 1928 г.[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia