Шарли
Шарли (грчки: Κοκκινοχώρι, Кокинохори, до 1926 година Σαρλή, Сарли)[2] — село во Правишко, денес во општината Кушница, Источна Македонија и Тракија, Грција. Брои со 284 жители (2001). ГеографијаСелото е расположено во јужното подножје на Кушница. ИсторијаНа крајот на XIX век местото е турско село во Правишката каза на Османлиската Империја. Кон 1900 година според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во С'рли живеат 125 Турци.[3] Селото потпаѓа под Грција после Втората балканска војна во 1913 година. През 20-тите години турското население се иселува по спогодбата за размена на население меѓу Грција и Турција после Лозанскиот договор и на негово место се населени Грци бегалци од Турција. Во 1928 година селото е бегалско со 31 семејства со 115 луѓе.[4]
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia