Кучкар (Правишко)
Кучкар или Кучкари (грчки: Ελαιοχώρι, Елеохори; до 1926 г. Κοτσκάρι, Коцкари[2]) — село во Правишко, Егејска Македонија, денес во општината Кушница на Кавалскиот округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Населението брои 1.195 жители (2011). Сè до Балканските војни било населено исклучиво со Македонци од исламска вероисповед. ГеографијаСелото е сместено југозападно од градот Правишта, недалеку од брегот на Тракиското Море (северниот дел на Егејското).[3] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Кучкар:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото Кучкар се состоело од 500 Македонци-муслимани,[6][7] кои Симовски по грешка ги води како Турци.[3] Во ГрцијаВо 1918 г. писателот Антон Страшимиров од Пиринска Македонија го опишал селото како единствената оддалечена македонска населба во овој крај, која се зачувала бидејќи го примила исламот. Изразил восхит кон месниот македонски говор и напоменал дека денес овдешните жители се единствените приморски Македонци кои и денес се занимаваат со морски риболов. Според сопственото распрашување меѓу мештаните, секоја куќа имала свој „кораб“ (чамец) со „гребла“ (весла) изработени со резбарски украси. Нивните домашни разбои ги нарекувале „стануви за ткање“, а во риболовот користеле „ловидбени мрежи“ со „оловни гл’тки“ (тегчиња) кои самите си ги топеле.[4][8] По Балканските војни, во 1913 г. селото е припоено кон Грција, согласно Букурешки договор. Истата година во него се попишани 396 жители, кои 1920 г. се намалиле на 359.[3] Во периодот помеѓу 1912 и 1927 г. селото постепено се празнело. Грчките власти вршеле репресии врз жителите на Правишко, прогонувајќи го сето негрчко население. Македонското население, како муслиманско, е иселено во Турција. Во 1926 г. селото е преименувано во Елеохори, што во превод значи „маслинарник“.[9] До 1928 г. на нивно место во Кучкар се населиле вкупно 544 грчки дојденци (138 семејства) од Источна Тракија.[10] Во 1940 г. населението пораснало на 987 жители. Следната 1941 г. целото подрачје е окупирано од Бугарија, чии чиновници во Кучкар изброиле 962 жители.[3] Според пописот од 1951 г. селото имало 1.011 жители, а во 1961 г. тука живееле 1.072 лица. Во 1971 г. е забележан мал раст на 1.131 жител, кои во 1981 г. станале 1.204, а во 1991 г. се смалиле на 1.158 лица.[3] Во 2001 г. во селото се заведени 1.126, а во 2011 г. — 1.195 лица. НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоНаселението на Кучкар се занимава со одгледување на тутун, овошје, грозје и маслинки.[3] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia