Чифлик (Правишко)
Чифлик (грчки: Τρίτα, Трита, до 1926 г. Τσιφλίκι, Цифлики[1]) — поранешно село во Правишко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Кушница во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. ГеографијаСелото се наоѓало во долината на реката Лаџа, јужно од селото Кусороб, во јужните падини на планината Кушница, на надморска височина од 365 м.[2] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Чифлик било село во Правишката каза на Драмскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Чифлик имало 66 жители Роми.[3] Во ГрцијаЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 154 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 71 лице.[2] Во 1924 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле бегалски семејства од Мала Азија, така што селото станало бегалска населба.[2] Во 1926 година, името на селото било променето во Трита (Τρίτα).[1] За време на Грчката граѓанска војна (1946–1949), селото настрадало и неговите жители се иселиле, а поради пасивноста на овој крај и неговата својата планинската положба, подоцна не е обновено и било избришано од евиденција.[2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia