Дренич
Дренич или Дранич (грчки: Αντιφίλιπποι, Антифилипи, до 1927 г. Δρανίτσι, Драници[2]) — село во Правишко, Егејска Македонија, денес во општината Кушница на Кавалскиот округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Населението брои 782 жители (2021). Географија и местоположбаСелото се наоѓа во североисточните падини на планината Кушница, околу 7 км северозападно од гратчето Правишта, на брегот на поранешното езеро Берекетли Ѓол, на надморска височина од 100 м.[3] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоСпоред Тодор Симовски, во минатото покрај турското население живееле и Македонци-муслимани, кои во изворите погрешно се воделе како „Турци“.[3] Во XIX век Дренич било мешано село во Правишката каза на Драмскиот Санџак. Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Дренич:
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Дренич имало 400 жители Турци.[5] Во ГрцијаЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 509 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 438 лица.[3] Во 1923 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле 123 бегалски семејства (вкупно 460 бегалци) од Мала Азија, така што селото станало бегалска населба.[3][6] Во 1927 година, името на селото било променето во Антифилипи (Αντιφίλιπποι)[2], според неговата местоположба — спротивно од древномакедонскиот град Филипи. Во 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле 878 жители.[3] СтопанствоНаселението произведува тутун, пченица, пченка и други земјоделски производи.[3] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаВо 1928 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 11 квадратни километри.[3] Општината Дренич била приклучена во општината Правишта во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Кушница. Селото припаѓа на општинската единица Правишта со седиште во истоименото гратче, која припаѓа на поголемата општина Кушница, во округот Кавала. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Дренич, во кој е единствено село. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia