Демирли
Демирли (грчки: Σιδηροχώρι, Сидирохори, до 1926 г. Δεμιρλή, Демирли[2]) — село во Правишко, Егејска Македонија, денес во општината Кушница на Кавалскиот округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Населението брои 171 жител (2021). Географија и местоположбаСелото се наоѓа околу 2 км јужно од патот ЕО2 (Смрдеш-Бахчеќој) и околу 13 км југозападно од гратчето Правишта, во северните падини на планината Лути Рид, на надморска височина од 115 м.[3] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Демирли било турско село во Правишката каза на Драмскиот Санџак. Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Демирли:
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Демирли имало 360 жители Турци.[5] Во ГрцијаЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 249 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 213 лица.[3] Во 1924 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле 62 бегалски семејства (вкупно 265 бегалци) од Мала Азија, така што селото станало бегалска населба.[6][3] Во 1927 година, името на селото било променето во Сидирохори (Σιδηροχώρι)[2], во превод „железно село“. Во 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле 317 жители.[3] СтопанствоПоради својата положба, селото располага со скудна земја. Населението произведува тутун, пченица и други земјоделски производи, а се занимава и со краварството.[3] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото припаѓа на општинската единица Пиери со седиште во селото Моштијан, која припаѓа на поголемата општина Кушница, во округот Кавала. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Девекли, во кој влегува и истоименото село. ЛичностиПочинати во Демирли
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia