Фтери (Правишко)
Фтери или Фтир (грчки: Φτέρη) — поранешно село во Правишко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Кушница во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. ГеографијаСелото се наоѓало во јужните делови на планината Лути Рид, околу 6 км југозападно од Чиста и југоисточно од Боблен, на надморска височина од 300 м.[1] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Фтери било грчко село во Правишката каза на Драмскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Фтир имало 110 жители Грци.[2] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Фтир (Phtir) имало 100 Грци.[3] Во ГрцијаЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 166 жители.[1] На 4 септември 1916 г., селото е уништено од страна на бугарската војска.[4] Населението се иселило во соседните села Дрезна и Чиста, кон кое бил припоен атарот.[1] Културни и природни знаменитостиЦркви
Мостови
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia