Breadline
Breadline е песна на Мегадет од нивниот осми студиски албум Risk. Подоцна бил направен ремикс од овој сингл, кој бил наменет за јапонскиот музички пазар.[1] Оваа песна не е класична балада, но сепак е доста уникатна поради нејзината лесна мелодија, за разлика од останатата дискографија на Мегадет. Во текстот се говори за сиромашен човек, без никаков имот и парични средства. Од текстот исто така дознаваме дека бил зависник од кокаин. Бил снимен и видео запис, кој не се нашол на ДВД изданието Arsenal of Megadeth. Breadline е и насловот на еден мини албум од Мегадет, кој првично не бил издаден во САД. Денес може да се најде во некои музички продавници, а достапен е и на iTunes. Дискот содржи и двете верзии од оваа композиција, плус 4 ремиксувани песни од претходните албуми. Марти Фридмен (кој заедно со Мастејн ја создал песната), ја вклучил на својот соло албум Future Addict, издаден 2008 г. Неговата верзија е доста потешка и подинамична. Список на песниСите песни се напишани и компонирани од Дејв Мастејн, додека Марти Фридмен се потпишува како соавтор на музиката од нумерите 1, 2 и 5.
Коментари од бендот во врска со песната![]()
Музички персонал
Наводи
Надворешни врскиПоврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia