So Far, So Good... So What!
So Far, So Good… So What! е третиот студиски албум на треш метал бендот Megadeth. Издаден бил во 1988 г. во издаваштво на Капитол Рекордс. Во 2004 бил реиздаден со четири ремиксувани песни. Ова е единственото издание на бендот на кое се појавуваат Џеф Јанг и Чак Белер. По промотивната турнеја на албумот, тие си заминале од групата. На овој диск се наоѓа една од првите песни кои воопшто ги напишал Мастејн, а тоа е втората нумера „Set The World Afire“. Тоа била првата негова песна која ја составил по напуштањето на Металика, а во едно интервју открил дека ја компонирал додека бил во автобусот со кој си заминувал дома. „In My Darkest Hour“ е балада посветена на Клиф Бартон, кој бил колега на Мастејн од времето кога тој бил во Металика. Бартон починал во сообраќајна несреќа една година пред објавувањето на албумот. Ова е исто така последниот албум на Мегадет на кој била поставена преработена верзија од некоја постара песна на друг музичар.
Список на песниСите песни се напишани и компонирани од Дејв Мастејн, додека Дејвид Елефсон помогнал со текстот во нумерите 4 и 6, а напишал и дел од музиката за траките 7 и 8.
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia