Gears of War (песна)
Gears of War е петтата нумера од United Abominations, единаесеттиот студиски албум на Мегадет. Песната била напишана по доставеното барање на Xbox 360 до Мастејн, во кое претпријатието за компјутерски игри имало желба токму Мегадет да снимат музика за нивниот најнов производ. Песната се нашла на играта, но без текстот. Причина за овој пропуст била малото недоразбирање помеѓу двете страни. Имено, Мастејн разбрал дека наXbox 360 им требало само музика, но подоцна бил известен дека е потребен и текст. Текстот бил напишан, но ненавремено, бидејќи играта веќе била завршена и издадена. Првата изведба во живо била во Нагоја, Јапонија, на 17 октомври 2006 г.[1] Демо снимката, заедно со текстот, била објавена на официјалното мрежно место на бендот на 22 ноември, истата година.[2]
Список на песни
Музички персонал
Наводи
Надворешни врскиПоврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia