Wake Up Dead
![]() Wake Up Dead е песна на Мегадет од нивниот втор студиски албум Peace Sells... but Who's Buying?. Ова бил првиот објавен сингл од споменатиот албум, а воедно и прва нумера од тој диск.[1] Заедно со „Peace Sells“ се едни најпознатите песни на Мегадет и задолжителен дел од секој настап во живо.[2] Композицијата започнува со брзо интро на тапани, по што следуваат акордите на гитара и текстот. Иако има долг инструментален мост помеѓу двете строфи, песната не е чисто солирање на електрична гитара. Текстот говори за љубовното неверство на Мастејн кон неговата девојка, и за тоа како таа би го убила кога би дознала за неговите ноќни сеанси. Враќајќи се доцна од клубот со другарите, тој се обидува да се прикраде во креветот, но притоа да не ја разбуди девојка му. Ако ја разбуди, таа би му го одзела животот како казна за неговото неморално однесување. Снимен е и видео запис за оваа песна, во режија на Пенелопа Сферис. На спотот е прикажан перформанс на бендот во железен кафез. Како што песната одминува, обожавателите збеснуваат и постепено влегуваат во кафезот. Се смета дека овој филмуван запис е класичен приказ за една хеви метал журка. Марти Фридмен при аудицијата за нов гитарист во Мегадет, ја свирел токму оваа песна. Американскиот дет метал бенд World Under Blood ја има преработено песнава. Нивната верзија се наоѓа на албумот Tactical (издаден 2011 г.), како деветта нумера. Водечкиот гитарист и вокал на тој бенд, Дерон Милер, има изјавено дека „Wake Up Dead“ е негова омилена песна од Мегадет, и дека нивната преработка „смртно би го исплашила Дејв Мастејн кога тој би ја слушнал“.[3] Песни на винил изданието од Wake Up DeadПрво издание
Второ издание
Музички персонал
Наводи
Надворешни врскиПоврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia