Greatest Hits: Back to the Start
Greatest Hits: Back to the Start е втората компилација со најголеми хитови на треш метал бендот Мегадет. Ова издание беше објавено во 2005 г. од издавачката куќа Капитол Рекордс. Изборот им беше препуштен на обожавателите, кои имаа можност да гласаат за нивните омилени песни на официјалното мрежно место на бендот. Сите песни кои се нашле на овој диск се дигитално преработени и со подобрена акустика. Албумот бил награден со златен сертификат од Американската музичка индустрија за достигнување тираж од 500 илјади копии. На омотот од албумот е прикажан јадрениот облак со форма на печурка наречен замокот Ромео, последица на американската јадрена проба од 1954 г. На оваа компилација се вклучени песни од сите дотогашни студиски албуми на Мегадет, со додаток на „Angry Again“ од музичкиот материјал наменет за акциониот филм „Last Action Hero“. Насловот Back to the Start е извадок од песната „Rust in Peace...Polaris“ од истоимениот албум издаден 1990 г. Список на песни
Музички персонал
На ДВД изданието се прикажани инсерти од концерт на кој настапува поставата во следниов редослед: Дејв Мастејн, Дејвид Елефсон, Марти Фридмен и Џими Деграсо. Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia