Killing Is My Business... and Business Is Good!
Killing Is My Business… and Business Is Good! е првиот студиски албум на треш метал бендот Megadeth. Издаден е во 1985 г. од Combat Records. Реиздаден е во 2002 година, а на ова реиздадено издание ќе има нов омот и ќе бидат додадени бонус песни. Албумот обработува многу контровирзни теми, од кои најчести се смртта, насилството, сексот и социјалните прашања. Бил добро прифатен од хеви метал заедницата, и претставувал совршен спој на треш и спид метал. Во осумте песни кои се нашле на оригиналното издание, спаѓаат преработката на познатиот хит од 60-тите These Boots Are Made for Walkin' од Ненси Синатра, како и една песна која се нашла на првото демо на Металика - Mechanix.[1][2] Постојнава облога на горната слика требаше да биде и на изданието од 1985 година, кога Дејв Мастејн им дал скица од Вик Ретлхед на неговата продукциска куќа. Но од таму ја загубиле, па биле приморани да експериментираат и да постават нивни цртеж. Групата била фрапирана од непрофесионалниот однос на Комбат Рекордс, па затоа по излегувањето на албумот си заминале оттаму. При дигиталниот ремикс во 2002 година, фронтменот Мастејн се решил да го врати стариот цртеж како насловна илустрација. Mechanix е постојан дел од концертите на Мегадет, додека останатите песни скоро и да не се изведуваат. Во 2010 година, за време на еден концерт во Лос Анџелес, првпат по 26 години Кери Кинг од Slayer застанал на сцената заедно со останатите членови на бендот. Тие заедно ја отсвиреле Rattlehead, што било оживување на сеќавањата од 1984 година, кога Кинг бил привремен гитарист на групата.
Список на песниСите песни се напишани и компонирани од Дејв Мастејн, освен „These Boots“ од Ли Хазелвуд
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia