Hangar 18 (песна)
Hangar 18 е песна на Мегадет од нивниот четврти студиски албум Rust in Peace. Тесктот бил напишан од тапанарот Ник Менза, кој добил инспирација од истоимениот филм. Фронтменот Дејв Мастејн врз основа на добиениот текст ја компонирал музиката. Hangar 18 е всушност американска воздухопловна база крај местото Дејтон, близу Охајо, околу која кружат шпекулации за наводни посети од вселенски летала. Песната не успеала да се пласира на табелите во САД, но затоа пак се искачила на 25 место на ирската топ листа за музички синглови и на 26 место на британската листа. „Hangar 18“ беше номинирана за Греми награда во 1992 г.[1] Во 2001 г. беше снимена песната „Return to Hangar“, која била ставена на деветтиот студиски албум The World Needs a Hero.[2] Оваа песна е музичко продолжение на претходната, со тоа што во неа се раскажува како вонземјаните од вселенскиот брод ја уништиле целата воена база и потоа побегнале со запленетата јадрена опрема. Оваа песна е задолжителна при секој настап на бендот во живо. Статистички гледано, „Hangar 18“ е трета најизведувана песна на концертите на Мегадет, со над 1000 изведби досега.[3] Само „Peace Sells“ и „Holy Wars... The Punishment Due“ се единствените две песни со повеќе перформанси во живо отколку „Hangar 18“. Видео записВидео спотот за „Hangar 18“ е заснован врз текстуалниот концепт на песната. Ја доловува борбата против вонземјаните, а при крајот ги прикажува и членовите на бендот заробени во комори во кои владеат екстремно ниски температури. Спотот бил снимен во Сан Педро, Калифорнија, во зградата на Water & Power. По коинциденција, Мегадет на истата локација ќе го снимаат и спотот за песната „Crush 'Em“ девет години подоцна.[4] Поради долгото времетраење на филмскиот запис, од MTV (музичкиот канал) ќе емитуваат драстично скратена верзија од песната на нивниот музички канал. На почетокот од песната, во позадина може да се слушнат куси делници од песната „Dawn Patrol“, која се нашла на истиот албум. ![]() ПреработкиОд своето појавување во музичкиот етер, „Hangar 18“ била преработена од многу хеви метал бендови. Најголем дел од новите преработки ќе бидат посветени на Мегадет. Групата Fairlight ја отсвирила композицијата за албумите Megaded: A Tribute to Megadeth (1999) и This Is the News! The Megadeth Tribute (2007), кои биле изработени во чест на овој култен бенд.[5] The String Tribute Players исто така ја снимиле песната во 2009 г. и ја сместиле на компилацијата Megadeth String Tribute. Групата DeadXheaD ја има направено можеби најпознатата верзија на овој сингл. ![]() Освен што постојат многубројни студиски верзии од „Hangar 18“, уште поголем е бројот на хеви метал состави кои ја изведуваат песната во живо. Меѓу нив спаѓаат Necropolis, Deathinition, Lateralis, Rust In Beer, Rattledeth и Dirty Black. „Hangar 18“ е исто така вклучена и на видео играта Guitar Hero II. Присуство во поп културата
Коментари од бендот во врска со песната
Песни на винил изданието од Hangar 18
Музички персонал
Наводи
Надворешни врскиПоврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia