Sweating Bullets
Sweating Bullets е песна од американскиот хеви метал бенд Megadeth. Беше објавена како трет сингл од нивниот петти студиски албум Countdown to Extinction. Песната била рангирана на 29. место на американската табела за рок нумери, а на британската листа се искачила на 26. позиција. Изразот „потење куршуми“ (од англо-американскиот јазик) значи да се биде многу нервозен и вознемирен за некоја работа. За значењето на текстот, Мастејн изјавил:
ЗаднинаШизофренија е психичко и ментално нарушување, од кое се смета дека страдаат 2% од западната популација. Симптомите на оваа болест се илузии, халуцинации, неповрзани мисли, неможност да се прави разлика помеѓу логичното и неразумното, избувливи и силни емоции, несоцијално однесување, немање на желба за социјален контакт и влошување на односите од приватниот живот. Спротивно на некои општоприфатени размислувања, болните од шизофренија немаат поделена личност, т.е. постоење на „второ јас“. Тој редок синдром на појава и доминација на алтер-егото е во суштина болест слична на неврозата.[2] Видео записВо главна улога на видео записот се појавува Дејв Мастејн, кој живее затворен во лудница. Додека гледа во огледало, некој го фаќа за рамото, и тогаш дознава дека другиот лик е всушност тој самиот. За време на разговорот помеѓу првиот и вториот Мастејн, се појавуваат сè повеќе такви ликови и му зборуваат на вистинскиот. И останатите членови од бендот се претставени како луѓе со слично ментално нарушување, кои се затворени во други простории. Песни на винил изданијатаПрв диск
Втор диск
Музички персонал
Наводи
Надворешни врскиПоврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia