Skin o' My Teeth е последниот сингл на Мегадет од нивниот мулти-платинест албум Countdown to Extinction. Песната, напишана од Дејв Мастејн, говори за неуспешните обиди за самоубиство. Имено, и фразата skin of my teeth на англо-американски означува ситуација кога некој „за влакно“ ја избегнал смртта. Со темпо од 196 битови во минута, оваа песна е една од најбрзите на албумот. Во продолжение следи прилог за тоа како Мастејн ја толкува оваа песна:
Кога MTV (музичкиот канал) го прочитаа текстот, одбија да ја емитуваат песнава бидејќи помислија дека промовирам самоубиства. Ни требаше долго време за да ги испегламе разликите со телевизијата и да им ја објасниме суштината на песната. Не сакав да снимиме спот за песна која нема да ја прикажуваат. Тие ми рекоа дека ќе ја пуштат во етер, колку и да е радикална, само ако изјавам дека текстот не се однесува на самоубиство. Тоа впрочем и го изјавувам.
Ова е за луѓето кои го сакаат да завршат со животот, но немаат храброст да се соочат со смртта. Знаете, исто кога си сечат вени, но не доволно длабоко. Или кога сакаат да ги удри автомобил, ама на крај завршуваат само со скршена нога или нешто слично.
Интересно ни беше додека го правевме видео записот. Свиревме во еден ноќен клуб во Чикаго кој се викаше Метро. Филмска публика беа група манијаци кои трчаа околу бината како бикови. Беше невозможно да не се смееме на момците кои се однесуваа како лудаци.
Песната беше изведена во живо на концертот во Буенос Аирес, Аргентина, во 2005 г. Беше планирано тој концерт да биде издаден како видеоалбум насловен That One Night: Live in Buenos Aires. За жал, „Skin o' My Teeth“ не се нашла во конечниот избор на песни, но подоцна била додадена во дигиталната верзија на албумот од iTunes.
Оваа нумера е една од омилените песни на обожавателите, па поради тоа е изведувана на речиси секој настап во живо на Мегадет. Се наоѓа и на ДВД изданието The Big 4 Live from Sofia, Bulgaria, на концертот одржан на 22 јуни 2010 г.