Crush 'Em
Crush 'Em е песна на Мегадет, објавена како носечки сингл од осмиот студиски албум Risk. Прво се нашла на списокот песни вклучени во филмот Универзален војник: Враќањето, а во јули 1999 г. била прогласена за трета најемитувана рок песна на радио станиците ширум САД. Според првичната замисла, оваа песна требало да биде спортска химна, па така била изведувана на многу хокеј натпревари, а еден период била користена и како најавна песна од страна на Светската Боречка Асоцијација. На реизданието од албумот Risk се појавила и ремиксувана верзија на оваа песна, како завршна нумера на дискот. ЗаднинаКако и голем дел од останатите песни на Risk, „Crush 'Em“ е пример за експериментирањето на Мегадет со различни рок стилови во текот на 90-тите. Композицијата започнува со занимлив техно бит, а басовите созвучја се во диско стил. По ова следат фанк рифови на гитара, кои наизменично се повторуваат по завршувањето на секоја строфа. Рефренот кулминира со тежок хеви метал риф, со извици на публиката Crush! ...Crush 'em!. Песната е четвртата по ред нумера на албумот, а пред неа се наоѓа краткото интро „Enter the Arena“, која служи како најава за оваа песна. „Enter the Arena“ е составена од еден риф, при што во позадина се слушаат извици Crush 'Em. Еве што изјавил Дејв Мастејн за MTV во врска со песнава:
Освен на Risk, „Crush 'Em“ е сместена и на компилациските албуми Capitol Punishment: The Megadeth Years и Warchest. Но, не добила доволен број гласови од обожавателите да се најде и на компилацијата Greatest Hits: Back to the Start, ниту на музичкиот сет Anthology: Set the World Afire. Видео записСпотот за Crush 'Em бил снимен во Сан Педро, Калифорнија, на почетокот на јуни 1999 г. Режисер бил Лен Визман, кој подоцна ќе го обмисли и филмскиот запис за „Insomnia“. Местото на снимање била зградата на Water & Power, каде претходно бил работен и записот за песната „Hangar 18“.[2] На спотот освен членовите на бендот, се појавуват и Жан Клод Ван Дам, како и Бил Голдберг, како ликовите од филмот Универзален војник: Враќањето, за чии потреби била и напишана песната. Сцената во спотот е пост-апокалиптична, индустриска зона, каде Мегадет ја изведуваат песната додека Ван Дам и Голдберг се борат меѓусебно. Овој спот не беше вклучен во ДВД колекцијата Arsenal of Megadeth. Присуство на спортските натпревари![]() Режисерот и продуцентите на филмот Универзален војник: Враќањето ја сакале песната во изборот музика за нивниот проект во кој учествувале познатиот глумец Жан Клод Ван Дам, како и боксерот Бил Голдберг. Голдберг, инаку голем обожавател на Мегадет, прв ја слушнал песната и импресиониран од самата музика, разговарал со челниците на Светската Боречка Асоцијација, на кои им предложил бендот да ја отсвират во живо на 5 јули, денот кога бил самиот ТВ пренос од натпреварите во борење. Тој ден бил и повратничкиот настап на Голдберг, по шест месеци остсуство од рингот.[3] Откако Мегадет ја извеле песната, тој се појавил од вештачки создадената магла и рекол Се вратив. По ова, групата отсвирела уште три песни, во кореографија на танчарките од асоцијацијата.[4] Од тој настап бил снимен и кус видео материјал, а оваа нумера станала најавна песна на Голдберг и подоцна официјална музика на Боречката асоцијација. Скусената верзија се нашла и на збирката песни посветени на WCW мечевите, заедно со песната „Invasion“ во изведба на Голдберг. Мастејн, кој поседува црн појас во боречки вештини, е истовремено и голем обожавател на хокеј тимот на Феникс Којотс. Тој ја опишал Crush 'Em како спортска и боречка химна. Вели дека му се здосадило да слуша едни исти песни секогаш кога Којотс ќе постигнеле гол, па така му дошло на ум да искомпонира нешто славеничко и нешто што би делувало мотивирачки. Прво им понудиле неколку песни на тимот на Феникс, а откако раководните луѓе ги одбиле сите нивни предлози, Мастејн ја доставил „Crush 'Em“ до првите луѓе на Националната хокеј асоцијација, кои на драго срце се согласиле да ја користат од наредната сезона (2000/2001). Освен во хокеј арените, песната може да се слушне и на бејзбол и рагби натпреварите, како и во емисиите посветени на нив. Дури била и употребена како носечка мелодија во видео играта Ultimate Fighting Championship, издадена во 2000 г. од страна на Dreamcast и ПлејСтејшн.[5] Коментари од бендот во врска со песната
Список на песни
Музички персонал
Пласман на табелитеОвој сингл, со исклучок на „Breadline“, беше најдобро рангираната песна од албумот Risk, искачувајќи се на 6-тото место на американската топ листа посветена на рок композиции.
Наводи
Надворешни врскиПоврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia