Бодовен пласман на Тур де Франс
Системот ги поттикнал и другите велосипедски трки; останатите две големи трки исто така имаат бодовен пласман: Вуелта а Еспања од 1955 година, која исто така ја користи зелената маичка, и Џиро д’Италија од 1966 година. ИсторијаПо скандалите на Тур де Франс 1904, правилата за наредното издание биле изменети: победникот не бил повеќе одредуван со временски систем, туку со бодовен систем. Велосипедистите добивале бодови, подеднакви на нивниот пласман во етапата, а велосипедистот со најмалку бодови бил предводник на трката. По Тур де Франс 1912, системот бил повторно променет на временски, кој сè уште се користи. На Тур де Франс 1953, како прослава за 50. родеден на Тур де Франс, бодовниот систем бил повторно воведен, но овој пат како дополнителен пласман. Бидејќи предводникот на генералниот пласман ја носи жолтата маичка, предводникот на бодовниот пласман исто така добивал специјална маичка, зелената маичка (француски: maillot vert). Зелената боја била избрана поради спонзорот кој бил производител на косилки за трева. Во првите години, велосипедистот единствено добивал казнени бодови доколку не завршил на високо место, па така велосипедистот со најмалку бодови бил освојувач на зелената маичка. Од 1959 година па натаму, системот бил променет, па велосипедистите добивале бодови доколку завршиле високо во пласманот (првото место носело најмногу бодови, а пониско пласираните добивале помалку бодови), па така велосипедистите со најмногу бодови ја освојувале зелената маичка. Во 1968 година, маичката била црвена, на барање на спонзорот.[2] Додека жолтата маичка се доделува за најниското вкупно време на трката, зелената маичка ги отсликува бодовите добиени со високите пласмани на секоја етапа и средните спринтови, особено во текот на рамните етапи на трката. Средните спринтови порано биле дел од пласманот за средни спринтови, а бодовите за бодовниот пласман бил додаток; меѓутоа, подоцна овој пласман бил укинат, а средните спринтови останале дел од бодовниот пласман. Бодовниот пласман се смета за „спринтерски пласман“, бидејќи најголем дел од бодовите се освојуваат на рамните етапи, па така возачите генерално остануваат заедно во една голема група, оставајќи ги најдобрите спринтери на крајот да се борат за етапна победа.[3] Меѓутоа, да се освои пласманот, на еден возач му треба доволно ниво на вештини покрај силниот спринт, бидејќи тој треба да заврши во рамки на временската граница на планинските етапи за да остане во натпреварувањето, а идеално би било да се натпреварува и на средните спринтови во текот на планинските етапи. На пример, Марио Чиполини бил еден од најдобрите спринтери во неговото време, но никогаш не бил во борба за бодовниот пласман бидејќи не успевал да помине низ планинските етапи и да ја заврши трката (меѓутоа, успеал да заврши на Џиро д’Италија и да го освои бодовниот пласман неколкупати). Четири пати, победникот на бодовниот пласман бил и победник на генералниот пласман: трипати од страна на Еди Меркс и еднаш од Бернар Ино. Во 1969 година, Еди Меркс го освоил генералниот пласман, бодовниот пласман и планинскиот пласман, уникатна ситуација и резултат на Тур де Франс. Петер Саган поставил рекорд за најмногу етапи во водство на пласманот, носејќи ја зелената маичка 100 дена на етапата 18 на Тур де Франс 2018. Бодовен системМоментална состојбаДо 2019 година, бодовниот пласман бил преместуван преку додавање на бодови добиени на етапи и одземање на казнени бодови. Бодови се доделувале за првите велосипедисти, кои ќе ја преминат целта или линијата на средните спринтови,[3] и за велосипедистите со најбрзи времиња на прологот или на поединечните хронометри, според следниов распоред:[4] Возачите можат да загубат бодови за разни прекршувања на правилата, што значело некои возачи да го завршат Тур со негативни бодови.[5] Пред почетокот на Тур де Франс, организацијата означува кои етапи се сметани за „рамни“, „ридско/среднопланински“ или „планински“. Рамните етапи вообичаено имале неколку или немале категоризирани искачувања (неколку од 4. категорија и повремено 3. категорија), среднопланинските етапи имале бројни искачувања, вообичаено од втора и трета категорија, а планинските етапи имале бројни големи брда, често од прва или екстра категорија. Кога не може да се одреди редоследот на завршување на целта или кога велосипедистите забележале исто време на прологот/поединечниот хронометар, велосипедистите ги делат бодовите (заокружено на најблискиот половина бод). Велосипедист кој нема да ја заврши етапата е отстранет од бодовниот пласман. По секоја етапа, предводникот на бодовниот пласман ја добива зелената маичка. При изедначување во пласманот, велосипедистот со најмногу етапни победи е предводникот. Ако и тоа е израмнето, тогаш бројот на победи на средните спринтови го означува предводникот. Ако и тоа е исто, тогаш местото во генералниот пласман го одредува предводникот. На крајот на Тур де Франс, велосипедистот кој е прв во пласманот е освојувач на зелената маичка. ИсторискиПред 2011 годинаПравилата биле изменувани низ годините. Кога системот започнал во 1953 година, биле додавани местата на секој велосипедист на етапата, а велосипедистот со најмалку бодови бил победник. Подоцна, бодовите биле доделувани на првите неколку велосипедисти на секоја етапа. Дури потоа, бодовниот систем започнал да се разликува на видот на етапата, вообичаено носејќи повеќе бодови на рамните етапи. Средните спринтови исто така носеле бодови. Во 2009 година, системот бил следен, со два или три средни спринта по етапа:[6] 2011 до 2014Бодовниот пласман се пресметувал преку додавање бодови освоени на етапите и одземање на казнените бодови. Бодови добивале првите велосипедисти кои ќе ја поминеле целната линија или линијата на средниот спринт[3] и за велосипедистите со најбрзо време на пролозите или на поединечните хронометри. На Тур де Франс 2011 била користена следнава шема:[7] Возачите може да загубат бодови за разни прекршоци на правилата, што значи дека некои возачи може да ја завршат трката со негативна бодовна состојба.[8] Пред почетокот на Тур де Франс, организацијата објавува кои етапи се сметаат за „рамни“, „среднопланински“ или „планински“. Рамните етапи вообичаено имаат неколку или немаат категоризирани искачувања (неколку од 4. категорија и понекогаш 3. категорија), среднопланинските етапи имаат повеќе искачувања, вообичаено 2. и 3. категорија, а некои планински етапи имаат бројни високи искачувања, често од 1. категорија или екстра категорија. Кога редоследот по кој велосипедистите ја поминале целта не може да се одреди или кога велосипедистите забележале исто време во прологот/поединечниот хронометар, велосипедистите ги делат бодовите (заокружени на најблискиот половина бод). Велосипедист кој не ја завршил етапата се отстранува од бодовниот пласман. По секоја етапа, предводникот на бодовниот пласман ја добива зелената маичка. Во случај на изедначување во пласманот, велосипедистот со најмногу етапни победи е победник. Доколку и тука е изедначено, бројот на победи на средните спринтови го одредуваат победникот. Ако и тука е изедначено, генералниот пласман го одредува победникот. На крајот на Тур де Франс, велосипедистот што води во бодовниот пласман е освојувач на зелената маичка. ПобеднициПобедници по годинаПовеќекратни победници
Победници по земја
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia