Кирил I Цариградски
Кирил I Цариградски или Кирил Лукарис (13 ноември 1572 — 27 јуни 1638) — грчки прелат и теолог, со потекло од Ираклион, Крит (тогаш под управа на Република Венеција). Подоцна станал Александриски патријарх под името Кирил III и Вселенски патријарх под името Кирил I. Кирил се стремел за реформа на православната црква според онаа на протестантите и калвинистите.[1] Обидите за воведување на калвинизмот во православието биле неуспешни и дејствата на Кирил остануваат до денес предмет на дебата во православието. ЖивотКирил е роден во Ираклион, Крит на 13 ноември 1572 година,[2] како Константин Лукарис кога островот бил дел од Република Венеција во тој период поморска сила. Во неговата младост тој шетал низ Европа, образувајќи се во Венеција во Падовскиот универзитет, и во Женева каде бил под влијание на реформираната вера презентирана од Џон Калвин. Кирил своите теолошки студии ги продолжил во Венеција и Падова, Витенберг и Женева каде бил изложен на калвинизмот и равил голема одбојност кон католицизмот.[3] Во 1596 Кирил бил испратен во Полска од страна на Александрискиот патријарх Мелетиј I, за да го предводи православниот отпор на Брестовската унија, која предвидувала унија на Киев со Рим. Шест години Кирил работел како професор на православната академија во Вилнус (денес во Литванија).[3] Поради османлиското угнетување и пробратувањето на православните христијани од страна на језуитски мисионери, постел кусок на училишта каде би се изучувала православната вера и грчкиот јазик. Римокатоличките училишта биле во самите католички цркви кои биле градени веднаш до православните цркви, и бидејќи немало доволен број на православни свештеници па нешто морало да се направи. Негово прво дејствување било отворањето на теолошко училиште на Света Гора. Тој го финансирал Максим Галиполски да го направи првиот превод на Библијата на современ грчки. КалвинизамЦелта на Кирил била да ја реформира православната црква според калвинизмот, и поради оваа причина тој испратил многу млади теолози на универзитетите во Швајцарија, северот на Холандија и Англија. Во 1629 година тој го објавил познатото дело Конфесио (калвинистичка доктрина), но колку што било можно било во согласност со православниот јазик и дела. Истата година ова дело имало и две изданија на латински јазик, четири на француски, едмно на германски и едно на англиски јазик, а во источната црква донело само судири и спорови и било критикувано на неколку синоди, во 1638 година во цариград, во 1642 година на Јашкиот синод, и сето ова кулуминирало во 1672 година со собирот предводен од страна на Доситеј Ерусалимски, на кој биле осудени калвинистичките учења.[3][4] Кирил иста така бил особено воодушевен од црквата на Англија, и бил во контакт со Кентербурските архиепископи. Токму во овој период Митрофан Критопул — кој подоцна станал Александриски патријарх (1636–39) — бил испратен на студии во Англија. И Кирил и Критопул биле вљубеници во книгите, и многу од книгите кои овие двајца патријарси ги прибавиле денес ги красат патријахалните библиотеки. Во 1629 година во Женева книгата Источна исповед на христијанската вера била објавена на латински, содржејќи го калвинистичкото учење. Во 1633 година било објавено и на грчки јазик. Соборот во Цариград во 1638 година ги анатемизирал Кирил и неговата книга, но соборот во Ерусалим во 1672 година, особено се занимавал со случајот на Кирил, целосно го ослободиле од обвиненијата, тука е посведочено дека соборот во Цариград ко проколнал Кирил не поради тоа што мислеле дека тој е автор на делото туку поради фактот што тој писмено не се оградил од текстот напишан за него. Сепак, западните учители продолжиле да тврдат дека Кирил бил калвинист, не посочувајќи ја само книгата туку и постојаните преписки со протестантските учители. Православниот историчар епископ Арсениј ја оспорил автентичноста на овие преписки и инцидентно посочил на педесетте писма на Кирил со царот Михаил федорович и московскиот патријарх Филариј, кои се чуваат во Московскиот архив и дека истите се доказ за посветеноста на Кирил кон правосдлавието, и особено на псимото од 1622 година во кое тој за протестантството пишува како за кривоверско учење.[5] Политика и смрт
Кирил бил неколкукратно привремено расчинуван и протеруван по барање на неговите православни непријатели и од католичкот француски и австриски амбасадори,[3] додека пак бил поддржан од протестантскиот холандски и англиски амбасадори во Цариград, кога турскиот султан Мурат IV требал да замине во војна со Персија, патријархот бил обвинет за осмислување на бунтот на Козаците, и за да ги избегне проблемите додека бил отсутен султанот наредил тој да биде задавен[6] од страна на јаничарите на 27 јуни 1638 година ан брод во Босфор.[3] Неговото тело било фрлено во морето, но било најдено и закопано надвор од Цариград од страна на неговите пријатели и било вратено во Цариград по многу години.[3] Кирил бил прогласен за мачченик и светец набрзо по својата маченичка смрт, и Св. Евгениј Ајтолски напишал молитва за о негово сеќавање. Официјално бил прогласен за великомеаченик на 6 октомври 2009 година.[7][8] Според едно писмо од 1659 година напишано до Томас Гривс од Едвард Покок (кој, во своите потраги по книги за архиепископот Вилијам Лод, се сретнал со Кирил) многу од текстови на Кириловата библиотека биле спасени од холандскиот амбасадор кој ги испратил со брод во Холандија. Но за жал иако бродот пристинал безбедно во пристаништето потонал наредниот ден со сиот свој товар поради силна бура.[9] ОставнишнаКириловата позиција во православието продолжува да биде дебата на црквата. Некои православни верници го прифатиле гледиштето на световните историчари дека тој бл претставник на калвинизмот. Други пак велат дека неговата позиција била нарушена од неговите непријатели, и дека тој бил верен на православните учења. НаводиОпшти
Одредени
Дополнителна литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia