Тајна пошта на МРО
Тајната пошта на МРО е составен дел од структурите на организацијата. Секој селски, околиски и окружен комитет имал своја тајна пошта [1]. ![]() Поштата на Македонската револуционерна организација претставувала таен систем за комуникација меѓу нејзините членови во рамките на Отоманското Царство, но се комуницирало и надвор од империјата како што било и Задграничното претставништво. Коресподенцијата се водела со хемиско бело мастило и шифри. Шифрите ги знеле само претседтелот и секретарот на комитетот [2]. По Солунскиот конгрес било решено дека Централниот комитет со внатрешноста на Македонија контактира преку окрузите, и затоа ЦК имал посебни шифри за комуникација со окрузите, посебни шифри за коресподенција со Задграничното претставништво, окрузите имале посебни шифри за коресподенција меѓу себе [2]. Поштата на организацијата била подобро организирана отколку редовната пошта на Отоманското Царство. Писмата кои организацијата ги испраќала од Солун за Софија пристигале следниот ден [3][4]. Извори
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia