Тур де Франс 2011
Тур де Франс 2011 било 98. издание на Тур де Франс. Започнало на 2 јули 2011 со должина на првата етапа од 180 километри на Пасаж ду Гоа и завршило на Шанзелизе во Париз на 24 јули 2011. Комплетната маршрута на Тур де Франс 2011 била објавена на 19 октомври 2010. Оваа година, трката повторно накратко ќе навлезе во Италија. Акцентот бил ставен на Алпите во 2011, слично како што било на Пиринеите во 2010, во чест на 100-годишнината од првата посета на овие врвови од страна на возачите во Турот.[1] Галибје бил посетен двапати во текот на трката и на 18. етапа за првпат групата завршила на врв од 2.645 метри.[2] Ова било највисокиот врв, кој воедно бил и крај за етапата, на ова натпреварување, надминувајќи го крајот на Гранон (2413 м, близу Сере Шевалие) во текот на Тур де Франс 1986 (17. етапа). Само по вторпат од 1967 година Тур 2011 стартувал со масовна почетна етапа наместо пролог, последниот таков почеток беше во 2008.[3] Австралиецот Кедел Еванс ја освоил трката, добивајќи го своето водство на поединечниот хронометар на претпоследниот ден. Тој станал првиот Австралиец, кој победил на трката и со 34 години, најстариот повоен победник. Енди Шлек од Луксембург завршил втор трета година по ред, а неговиот брат Френк Шлек завршил на третото место. Марк Кевендиш бил првиот британски победник во бодовен пласман, додека Самуел Санчес од Шпанија победил во планинскиот пласман. Промена на правилатаНови правила биле прифатени за Тур де Франс 2011, во однос на пласманите за бодовите и кралот на планините. Претходно, етапите оквалификувани како рамни имале три средни спринтерски точки со бодови вредни 6, 4 и 2 за првите три велосипедисти, кои поминувале низ линијата. Во 2011, рамните етапи имале само еден среден спринт, но бил од вредност од 20 бода за првиот велосипедист, кој ја поминал линијата, како и првите 15 возачи добиваат бодови. Намерата била фаворитите за зелената маичка да се натераат да спринтаат двапати во денот за да освојат бодови.[4] Бодовите на крајот на рамните етапи исто така биле зголемени, од 25 за победникот во 2010 на 45.[5] Среднопланинските етапи се наградувале по 30 бода за победникот, додека високопланинските етапи и индувидуалните хронометри по 20 бода.[6] Претходно во планинскиот пласман, за било кое искачување од екстра категорија, прва категорија или втора категорија се доделувале двојни бодови, доколку тоа е последно на крајот на денот. Во 2011, само врвните етапи кои завршувале на врв добивале двојни бодови, посебно етапата број 12, која завршува на Луз Ардиден, етапа број 14 на Плато де Бел, етапа број 18 на Галибје и етапа број 19 на Алп д'Оз. Претходно, првите осум возачи во искачувањето од прва категорија добивале бодови, како и првите шест низ втора категорија и првите четворица низ трета категорија. Сега бодовите се добивале на следниов начин:
Раните анализи довеле до шпекулации дека победникот во планинскиот пласман е поверојатно, во овој систем, да биде возач од генералниот пласман во однос на минатите години.[8] Овие шпекулации се покажале точни, бидејќи Самуел Санчес, кој завршил шести во генералниот пласман, ја зел точкестата маичка. ЕкипиСите 18 екипи во категоријата на Меѓународниот велосипедистички сојуз Proteam биле повикани и обврзани да се тркаат. Четири UCI професионални континентални тимови, сите француски, биле исто така поканети.[9] †: Поканети про-континентални тимови. За повеќе детали, види Список на тимови и велосипедисти на Тур де Франс 2011. Фаворити пред почетокотПобедникот од 2010 Алберто Контадор бил отсутен од велосипедизмот за време на допинг-истрагата од септември 2010 до февруари 2011, за кое време финалистот од 2010 Енди Шлек бил оценет како фаворит. Кога суспензијата била укината, тој објавил дека негова желба е да се натпреварува на двете трки, и на Тур де Франс и на Џиро д’Италиа 2011, која и ја освоил. Од другите на списокот на фаворити, Денис Мењшов бил член на тимот Геокс-ТМЦ, кој не бил поканет да учествува. Резиме на трката![]() Специјалистот за класици Филип Жилбер прв ја зел жолтата маичка, победувајќи на првата етапа во Вандеја,[10], но на вториот ден Гармин-Сервело биле најбрзи на екипниот хронометар, дозволувајќи му на Тор Хушовд[11] да го преземе водството на трката, кое го задржал седум дена. Првата недела и половина била одбележана со бројни падови и несреќи, во кои имало голем број на познати возачи, како Андреас Кледен, Бредли Вигинс, Александар Винокуров, Јанез Брајкович, Крис Хорнер и Јурген ван ден Брук, сите морале да се повлечат поради повреди, додека Роберт Гесинк, Алберто Контадор, Самуел Санчес и Леви Лајпхајмер загубиле значително време и кондиција во текот на падовите. Имало и контроверзии, кога Ники Серенсен бил удрен од мотор, кој носел фотограф и кога Џони Хогерланд и Хуан Антонио Флеча биле повредени по инцидент со возила на Француската телевизија. Хаосот на етапата број 9 го искористил Тома Веклер кој го преземал водството на трката,[12], која ја носел цели 10 дена, спротивно на очекувањата, дури и низ Пиринеите и на сите, освен на една алпска етапа. Клучните временски разлики помеѓу возачите, кои на крајот завршиле на првите три места во генералниот пласман, Кедел Еванс од Верандас Вилемс-Аксент, Луксембуржанецот Енди Шлек и неговиот постар брат и негов екипен колега Френк од Леопард Трек, се случиле на етапата 16, кога Еванс доби 21 секунда во однос на Френк Шлек и минута и девет секунди во однос на Енди на крајот во Гап во влажни услови;[13] етапата 18, кога 60 километарското бегство на Енди Шлек му донело предност од повеќе од две минути на највисоката етапна завршница во историјата на трката, на Галибје;[14] и на претпоследниот ден, кога Еванс се најде на второто место на хронометарот, победувајќи го луксембуршкиот двоец за повеќе од минута и половина, со што ја обезбедил победата.[15] И двајцата, Енди Шлек и Еванс, ја носеле жолтата маичка само по еден ден секој: Шлек на хронометарот, а Еванс на последната, во голема мера церемонијална, етапа во Париз. Етапите, кои биле предвидени за спринтерски завршници биле доминирани од страна на манскиот спринтер Марк Кевендиш, кој освоил пет етапи, вклучувајќи ја и рекордната трета последователна победа на последната етапа на Елисејските полиња во Париз, со што победил и во бодовниот пласман, пред Хосе Хоакин Рохас и Филип Жилбер.[16] Во планинскиот пласман победил Шпанецот Самуел Санчес, кој имал победа и две втори места на четири планински етапни завршници. Енди Шлек завршил втор во таа категорија, а релативно непознатиот Белгиец Јеле Ванендерт трет.[17] Пјер Ролан победил во пласманот за млади возачи, во голема мера поради местата што ги постигнуваше во поддршката за неговиот екипен водач, Веклер, во текот на периодот кога тој ја носел жолтата маичка, но тој, исто така, ја освоил и престижната етапа на Алп д’Ез.[18] Етапи
Пласмани
ПоредокГенерален пласман
Бодовен пласман
Планински пласман
Пласман за млад возач
Екипен пласман
Бодови за светското бодувањеТур де Франс е еден од 27. настани во текот на сезоната, кои носат бодови за Светската турнеја 2011. Со бодови се наградуваат сите возачи во топ 20 на крајот на трката и по првите пет возачи на секоја етапа. Само на возачите во UCI ProTour тимовите им е дозволени да добиваат бодови.[22] Награден фондВкупно, повеќе од 3,5 милиони евра биле поделени во текот на трката. Првично, секој тим добил 51.243 евра, додека секој тим со најмалку седум возачи, кои ја завршиле трката добиле 1.600 евра по возач. Победникот во генералниот пласман добил 450.000 евра, со помали награди за секое победничко место, сè до 400 евра до последниот возач.[25]
Етапниот победник добивал 8.000 евра на нормална етапа и 10.000 евра на хронометар. Парите се намалуваат, па така 20. возач на целта добивал само 200 евра. Првата личност што ќе помина на спринтот добива 1.500 евра. Пари се добиваат и за поминување на категоризирани искачувања, за најдобриот млад возач на секоја етапа, најборбен возач и најдобриот тим на етапата.[25]
Две други специјални награди, исто така, се доделуваат. За првата, во чест на Турмале и Галибје се добива сувенир Жак Годе и сувенир Анри Дегранж соодветно. Секоја награда вреди 5.000 евра.[25]
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia