Лепопелци
Лепопелци — село во Општина Чешиново-Облешево, во областа Кочанско Поле, во околината на градот Кочани. Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во југозападниот дел на Кочанското Поле, а во западниот дел на територијата на Општина Чешиново-Облешево, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Пробиштип.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 330 метри. Од градот Кочани, селото е оддалечено 25 километри.[2] До селото води асфалтен пат, кој започнува од селото Ново Селани, каде во близина се наоѓа регионалниот пат 2342. ИсторијаМестото е населено уште од доцната антика, за што сведочи наоѓалиштето Грамади недалеку од селото.[3] СтопанствоАтарот на селото е мал и зафаќа простор од 4 километри квадратни. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 308 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 44 хектари, додека шумско земјиште нема.[2] Селото, во основа, има полјоделска функција.[2] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лепопелци живееле 140 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лепопелци имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија и 30 Власи.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 други жители (веројатно Македонци) и 25 до 50 Власи.[6] Селото е мало, во фаза на раселување, па така во 1961 година броело 156 жители, од кои 22 биле Турци, 21 Македонец и 113 жители неопределени. Во 1994 година имало само 18 жители, од кои 17 биле Власи, а 1 жител Македонец.[2] Според пописот од 2002 година, селото имало 17 жители, од кои 8 Македонци и 9 Власи.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5 жители, сите лица без податоци.[8] Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Лепопелци:
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години Самоуправа и политикаНа крајот од XIX век, Лепопелци било село во Кочанската Каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Чешиново-Облешево, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Чешиново. Во периодот 1962-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кочани. Во периодот од 1955 до 1962 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Облешево. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Чешиново, во која покрај селото Лепопелци, се наоѓале и селата Врбица, Жиганци, Ново Селани, Соколарци и Чешиново. Селото повторно било дел од некогашната Општина Чешиново во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Врбица, Жиганци, Лепопелци, Соколарци и Чешиново. Избирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 0878 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница на селото Ново Селани.[9] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 52 гласачи.[10] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 53 гласачи.[11] Културни и природни знаменитости
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia