Баракли (Серско)
Баракли или Бајракли (грчки: Βαλτερό, Валтеро)[2] — село во Долна Џумаја во Серски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 22 километри северозападно од градот Сер и на 4 километри источно од Долна Џумаја. Селото се наоѓа на надморска височина од 29 метри. ИсторијаОтоманско ЦарствоСелото во текот на XIX век се наоѓало во Демирхисарската каза во составот на Отоманското Царство. Селото било населено со мешано население. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 120 семејства со 40 Турци и 330 Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 300 Македонци, 300 Турци, 100 Черкези и 30 Роми[3][5]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 480 македонски гркомани[3][6]. ГрцијаПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција. Во 1927 година, селото било преименувано во Валтеро[7]. ДемографијаВо 1928 година во селото биле сместени 99 грчки семејства со 436 лица[8]. Во 1928 година, бројот на населението бил 2306 лица, додека во 1940 година селото броело 3114 жители. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia