Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за селото:
„
Село Копрјуво (Коприва) е со мешано население; една црква, една џамија; християните се Македонци[4], а муслиманите се Турци Коњари; се наоѓа на 2 часа од Нигрита.[6]
Коприва, чифлик со многу сопственици, во никаква состојба. Ова село е на З од Сер, на планина, разгранок на Круша. Има доста грнчари. Црква во која се служи на грчки. 45 македонски куќи.[7][8]
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 466 жители, а во 1920 г. во него се попишани 359 лица, бидејќи дел од населнието настрадало во Првата светска војна и се иселило во Бугарија. Под притисок на грчката власт во 1924 г. уште македонски семејства се иселиле во Бугарија, а на нивно место се доведени грчки колонисти.[3] Според пописот од 1928 г. селото било етнички мешано со 762 жители,[3] од кои 621 лице (162 семејства) биле грчки дојденци, а останатите мештани.[11] В 1927 година селото е прекръстено на Химарос.[12]
Месности во Коприва преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г.
↑Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 118–119. ISBN954-8187-21-3.
↑Нарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда.
↑Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“(PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 845.