Орманли, 1⁄2 час на Ј од Џумаја. Сите земјоделци; освен жита, земјата дава квалитетен памук и малку тутун. 12 македонски куќи,[6] 90 турски, 40 черкески и 30 ромски.[7]
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во Орманли се попишани 318 жители, а во 1920 г. населението пораснало на 345 лица.[3] Населението им се спротивставувало на силните притисоци на власта да се иселат, па затоа во селото насила биле доведени грчки колонисти. Најпрвин власта ги привремено ги ставила дојденците да живеат во македонските домови заедно со нивните стопани, а потоа ги префрлила во нови куќи.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Дасохори, но промената официјално стапила на сила следната 1927 г.[2] На пописот од 1928 г. селото било етнички мешано со 922 жители, од кои 540 лица (134 семејства) биле грчки дојденци.[10]
Месности во Орманли преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г.
↑Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 118–119. ISBN954-8187-21-3.
↑Нарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда.
↑Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“(PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 850.