Ени Маала (Долноџумајско)
Ени Маала — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Било населено исклучиво со Македонци.[1] ГеографијаСелото се наоѓало близу браната на денешното Бутковско Езеро.[2] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX и почетокот на XX век Ени Маала била македонски чифлик во Серската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ени Маала (Eni-mahala) било село во Серската каза со 15 домаќинства сочинети од 50 Македонци.[3][4] Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Ени Маала броела 55 жители Македонци христијани.[3][7] На почетокот на XX век селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. селото (Yeni-mahala) се состоело од 200 Македонци патријаршисти.[3][8] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година во него е попишан 41 жител.[1] Селото се распаднало за време на Првата светска војна и повеќе не е обновено. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia