Во 1891 г. Георги Стрезов вели дека селото е дел од областа Овакол и напишал за него:
„
Долно Караџа-ќој, чифлик 1⁄2 час на СЗ от Кумаргија, до десниот брег на Струма. Караџа-ќој му припаѓа на Арпаџијата и Рифат-ефенди. Од другата страна на Струма, од спротива е Горно Караџа-ќој. 35 куќи, Македонци.[5] Грчка црква.[6]
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1920-тите во селото се доведени мал број грчки колонисти од Турција. Според пописот од 1928 г. селото било етнички мешано, со само 4 лица (1 семејство) дојденци.[9] Во 1927 г. е преименувано во Варико.[10]
↑Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 116–117. ISBN954-8187-21-3.
↑нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
↑Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“(PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 842.