Чавдар (Серско)
Чавдар (грчки: Ψωμοτόπι, Псомотопи; до 1926 г. Τσαβδάρ, Цавдар[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Сè до Втората балканска војна било населено исклучиво со Македонци.[3] ГеографијаСелото се наоѓа во Серското Поле, северозападно од градот Сер и северно од Долна Џумаја. Лежи близу до источниот брег на Бутковското Езеро. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Чавдар (Tchavdar) било село во Демирхисарската каза на Серскиот санџак со 7 домаќинства на 25 жители Македонци.[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Чавдар чифлик бил село во Серската каза со 210 жители, сите Македонци.[4][6] Во ГрцијаЗа време на Втората балканска војна во 1913 г. жителите се иселиле во Бугарија за да си ги спасат животите.[3] На пописот истата година тоа се води како напуштено, а во 1920 г. во Чавдар е попишан само 1 жител.[3] во Во 1924 г. грчката власт тука довела грчки колонисти. Во 1926 г. селото е преименувано во Псомотопи. На пописот од 1928 г. Чавдар е претставен како наполно дојденско село со 165 жители (39 семејства).[7] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia