Ерниќој
Ерниќој (грчки: Ποντισμένο, Пондисмено; до 1927 г. Ερνή Κιόι, Ерни Ќој[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Населението било етнички мешано.[3] ГеографијаСелото се наоѓа во Серското Поле, северозападно од градот Сер северно од Долна Џумаја. Лежи близу источниот брег на Бутковското Езеро. Денес е споено со Спатово. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Ерниќој било село во Серската каза на Серскиот санџак. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. во Ерниќој (Erni-keuï) имало 157 домаќинства сочинети од 130 жители муслимани и 350 жители Македонци.[4][5] Во 1891 г. Георги Стрезов напишал дека старото македонско име на Ирни ќој било „Еднокуќово“ и дека ова село произведувало најдобра пченица и лозја. Вели дека имало 40 македонски, 40 турски, 15 черкески и 150 ромски куќи.[6][7] Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век селото имало 675 жители, од кои 300 Македонци, 120 Турци, 75 Черкези и 180 Роми.[4][8] Сите христијани во селото биле под врховенството на Цариградската патријаршија и меѓу нив правела обиди грчката пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ерниќој (Erni-Keuy) имало 400 Македонци под Патријаршијата и 600 Роми,[4] и во него работело грчко основно училиште.[9] Во ГрцијаЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 1.095 жители.[3] Веројатно Ерниќој настрадал во Првата светска војна, бидејќи во 1920 г. во него е заведен само 631 жител.[3] Муслиманското население било иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти. Во 1927 г. селото е преименувано во Пондисмено. На пописот од 1928 г. селото било македонско-дојденско со 1.001 жител,[3] од кои 188 биле грчки дојденци (44 семејства). Остатокот биле македонски мештани и семејства доселени од други села.[3][10]
НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia