Турица (Серско)
Турица или Троица (грчки: Τριάδα, Тријада; до 1927 г. Τουρίτσα, Турица[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Населението брои 267 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.[3] Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 25 км западно од градот Сер и на 15 км јужно од Долна Џумаја, во источното подножје на Карадаг, на надморска височина од 120 м.[3] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Турица било македонско село во Серската каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Троица (Troïtsa) имало 15 домаќинства со 45 жители Македонци.[4][5] Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Турица имало 300 жители, сите Македонци.[4][7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Турица имало 336 Македонци под врховенство на патријаршијата.[4][8] Во ГрцијаЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 233 жители. Тешко настрадало за време на Втората балканска војна и Првата светска војна. Под притисок од грчките власти, во 1923-24 г. голем број Македонци принудно биле иселени во Бугарија, а на нивно место се населиле 99 бегалски семејства (вкупно 350 бегалци), така што селото станало мешана населба.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Тријада (Τριάδα).[2] СтопанствоНаселението одгледува тутун, памук и други земјоделски производи, а внимание му посветува и на сточарството.[3] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаВо 1927 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 29,8 квадратни километри.[3] Општината Турица била приклучена во општината Орљак во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Долна Џумаја. Селото припаѓа на општинската единица Орљак со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Долна Џумаја, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Турица, во кој е единствено село. Културни и природни знаменитостиЦркви ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia