Википедија:Велоекспедиции 2017
Во текот на 2017 година била организирана првата посебна експедиција во една област, Ѓаваткол. Воедно, во текот на 2017 година биле спроведени низа збирни посети на различни места во Македонија и мал дел во Албанија (областа Мала Преспа). Прва велоекспедицијаЃаваткол![]() Викендот 12 и 13 август 2017 година, корисникот Ehrlich91 заедно со уште четворица други велосипедисти се упати кон областа Ѓаваткол, каде што беше спроведена првата организирана посебна велоекспедиција. Во утринските часови на 12 август тргнавме на својот поход. По три часа пат и појадокот во хотелот по скратен пат од селото Трново, се упативме кон првото село, Српци. Како и на самите Викиекспедиции, главната цел беше правење панорамски фотографии од селата, фотографирање на поважните општествени и верски градби, архитектурата низ селата, како и сите други природни реткости. По посетата на селото Српци, се упативме кон селото Рамна, а малку подолу се укажа и прекрасна можност за панорамски поглед на селото Лера. Во селото Лера беше посетен и локалитетот „Свет крст“, кој се наоѓа на блискиот рид на кој е поставен необичен крст. Од Лера се упативме кон селото Гопеш, нашата највисока точка во текот на денот, каде што се наоѓа заштитениот споменик на културата, огромната црква „Св. Преображение“, која говори за добрите времиња на селото. По патот за Гопеш беа фотографирани и селската црква на селото Доленци, како и црквите „Св. Никола“ и „Св. Илија“ изградени во поново време од мештани. Потоа, се упативме кон раселените села Свиниште и Стрежево, при што откривме зачувана црква „Св. Ѓорѓи“, остаток од некогашното село Свиниште. Иако планиравме да се вратиме во Лера и да продолжиме кон поголемите села во областа, поради лошите услови на патот, се упативме долж крајбрежјето на вештачкото езеро Стрежево и во Битола се вративме по сосем друг пат. Во текот на 13 август сакавме да го посетиме Големото Пелистерско Езеро, но поради студеното време (од само 6 степени) бевме принудени да се вратиме назад.
На крајот, експедицијата ја завршивме со посетени и фотографирани 7 села, заедно со уште толку цркви и други културни и природни знаменитости.
ФотографииСите фотографии направени за време на велоекспедицијата се достапни во следнава категорија:
Втора експедицијаЗбирни посетиОвие посети биле спроведени во текот на целата 2017 година од страна на корисникот Ehrlich91, како и други членови, при што биле фотографирани многу зафрлени места, реки, природни реткости и објекти во необично издание.
ФотографииСите фотографии направени за време на велоекспедицијата се достапни во следнава категорија:
Поврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia